ЛУЛУДИ отвори ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА НА ЖЕНИ И ДЕВОЈКИ ВО РИЗИК И ЖРТВИ НА РОДОВО БАЗИРАНО И СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Во рамки на проектот „Поддршка на жените и девојки Ромки во спречување на родово базираното насилство“ поддржан од страна на UN Trust Fund to End Violence against Women , РАЖМ „Лулуди“ воспостави и отвори специјализиран сервис, именуван како Центар за поддршка на жени и девојки во ризик и жртви на родово базирано и семејно насилство „Нана“. 

Центарот за поддршка на жени и девојки во ризик и жртви на родово базирано и семејно насилство „НАНА“, започна со работа од февруари 2023 година, и е предводен од професионален тим кој се состои од социјална работничка, психолог и правничка. Сервисите и услугите во Центарот се достапни за сите жени и девојки кои преживеале, се жртви на семејно/родово базирано насилство, или пак се во висок ризик од семејно или родово базирано насилство, со главен фокус на жените и девојки Ромки. Впрочем, Центарот „Нана„ е и прв центар од ваков тип којшто е предводен и достапен на ромски јазик

Кои услуги ги нуди Центарот „Нана“:

За користење на сервисите и услугите кои ги нуди Центарот „Нана“ може да се јавите на контакт бројот 070 953 866, или на 070 726 538. Исто така, за повеќе информации може да се обратите во просториите на РАЖМ „ЛУЛУДИ“’. 

Содржината  ги одразува само гледиштата на авторите, и донаторот не е одговорен за каква било употреба на информациите содржани во неа.

Previous По повеќе од 20 години постоење на општината, младите заслужуваат својпростор за спорт и рекреација

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved