Повик за консултантски услуги за спроведување надворешна евалуација на проект

Ромска Асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“ објавува

ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА НАДВОРЕШЕН ЕВАЛУАТОР ИЛИ ТИМ НА ЕВАЛУАТОРИ

кој/и ќе спроведат независна надворешна евалуација на проектот „Поддршка на жените и девојки Ромки во спречување на родово-базираното насилство“, поддржан од UN Trust Fund to End Violence against Women.

Проектот „Поддршка на жените и девојки Ромки во спречување на родово-базираното насилство“ е три-годишен проект, чија главна цел е придонесување кон намалување на родовото насилство кај младите девојки и жени од ромската заедница и другите маргинализирани групи и подобрување на нивниот пристап до услуги и механизми за заштита во Р.Северна Македонија.

Евалуацијата е закажана според временската рамка на проектот, кој е во завршна фаза на имплементација и завршува на крајот на јули 2025 година, а ќе ги опфати трите години од имплементацијата на проектот (1 август 2022 година – 31 јули 2025 година). Евалуацијата ќе се спроведе во периодот јуни до септември, 2025 година. Процесот на евалуација ќе биде надворешна, независна и самостојна. Имено, се очекува евалуацијата да произведе независна проценка на постигнувањата, нивната релевантност, предизвиците и научените лекции од спроведувањето на проектот „Поддршка на жените и девојки Ромки во спречување на родово базираното насилство“, со цел да се информираат клучните засегнати страни и да се обезбеди отчетност на РАЖМ  „ЛУЛУДИ“.

 

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи:
• CV на Евалуаторот, доколку се аплицира како тим на евалуатори треба да се испратат CV-a на сите предложени членови на тимот.
• План за работа за евалуација и предложена методологија за евалуација на максимум две страници
• Финансиска понуда за евалуација/надоместок по ден
• Три референци со кои може да се контактира
• Најмалку два примерока од претходна работа (претходни евалуации, проценки итн.., може и линкови до примероците да се пратат)

 

Целосниот Повик и ТоR може да го прочитате на следниот линк

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават потребните документи најдоцна до 18 мај 2025 година, по е-пошта на: luludi_sk@yahoo.com и razmluludic@gmail.com, под насловот: Понуда за надворешна евалуација, или на адресата: ул. Лазар Трповски 1/2-7, 100, Скопјe.

  • Апликациите кои ќе бидат поднесени по дадениот рок нема да бидат прегледани.
  • Се прифаќаат апликации само од национални експерти/консултанти.
  • На Повикот може да аплицираат правни и физички лица.
  • Организацијата го задржува правото да ги извести само оние кои ќе бидат селектирани.

 

Previous Јавна реакција: Ненавремено постапување на институциите одзема животи! Насилството врз жените е институционален и системски проблем кој не смееме да дозволиме да биде по цена на нечиј живот

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved