Младите имаат право на свој простор за спорт и рекреација

Project Logo
Иновативни Иницијативи за мобилизација на заедницата

Ромска Асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“  во периодот од ноември 2022 година до април 2023 година ја спроведува иницијативата именувана  „Младите имаат право на свој простор за спорт и рекреација”, поддржана во рамки на проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ – проект на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

Главна цел на проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонијае поддршка на демократски и веродостојни изборни процеси што го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција, овозможувајќи им на гласачите слободно да ги избираат своите претставници и да ги повикуваат на одговорност.
Проектните активности се дизајнирани да ја поддржат главната цел преку постигнување на следните три резултати:
Резултат 1: Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси.
Резултат 2: Внатрешно демократизирани политички партии презентираат политики и изборни програми ориентирани кон граѓаните.
Резултат 3: Граѓаните бараат одговорност од политичките партии и избраните претставници.

Главна цел на иновативната иницијатива „Младите имаат право на свој простор за спорт и рекреација“: Актуелизиран проблемот за немање простор за спорт и рекреативни активности за граѓаните од општина Шуто Оризари. 

Целта со оваа иницијатива е да го актуелизираме прашањето за простор за спорт и рекреативни активности во општината, простор кој веќе е предвиден и каде веќе е изграден објект кој не е во функција. Граѓаните, особено младите жители на општината имаат право на простор за спорт и рекреативни активности. Постоење и фукнционирање на простор за спортски и рекреативни активности е од битно значење за локална заедница, бидејќи дава можности граѓаните да организираат различни видови на настани, да се формираат спортски и рекреативни клубови кои влијаат позитивно на личен развој на индивидуата, но и развивање на колективен развој во општината

Активности:

  • Градење капацитети на на два млади Мобилизатори на заедницата од страна на грантистот, ангажирани од РАЖМ „Лулуди“
  • Мониторинг од локални рамки со цел да се утврдат точните причини зошто нема функционален простор за спортски активности во општината . Спроведување теренско истражување со граѓани и надлежни институции и тела, анализа и извештај од фактичка состојба
  • Тркалезна маса со релевантни чинители и засегнати страни
  • Спроведување на локална кампања и мобилизација на заедницата 
  • Одржување главен настан пред спортската сала во општина Шуто Оризари – обраќање на младите до надлежните инситуции и тела за решањавање на проблемот.
  • Поднесување официјално барање од граѓаните на о. Шуто Оризари. 

Планирани резултати:

  1. Идентификувани причини за неотворена и нефункционална спортска сала во општина Шуто Оризари
  2. Мобилизирана локална заедница од општина Шуто Оризари за актуелен проблем – простор за спорт и рекреација
  3. Поднесено/и барање/а до надлежни институции со можни решенија за отворање и ставање во функција на спортската сала во општина Шуто Оризари

 

Информациите од спроведеното мониторирање јавно се објавуваат и истите може да се погледнат на: https://electoralreforms.mk/monitoring-matrix-2022/ 

Времетраење: 01 ноември, 2022г. – 30 април, 2023г.

Таргет локација на спроведување: општина Шуто Оризари

Целни групи: Совет на општина Шуто Оризари, градоначалник на општина Шуто Оризари и стручните служби во склоп на општината

Вкупен буџет: 300 000 денари

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи“ на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини во овој текст не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved