Ромска Асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“ за потребите на проектот „Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ” (Roma Civil Society for EU Accession), во партнерство со СОНЦЕ – Асоцијација за Демократски Развој на Ромите, Ромски Ресурсен Центар и Симплексис, финансиран од Европска Комисија, програма ИПА III, објавува
Повик со Барање за доставување на понуда(и) за опрема и ресурси за организирање настани – Roadshow.
Опис на проектот
Акцијата има за цел да ги зајакне ромските граѓански организации кои ги штитат и промовираат правата на најранливото малцинство во Северна Македонија, т.е. Ромите. Акцијата има за цел да ги поддржи ромските граѓански организации, структурирани во 2 неформални мрежи, и да ги зајакне нивните капацитети за ефикасно застапување и следење на тековните секторски реформи поврзани со процесот на пристапување во ЕУ, структурирана соработка со јавните институции и другите засегнати страни и активно учество во одлучувањето за политиките. да се влијае и да се подобри дијалогот за секторски политики во интеграцијата на Ромите и другите ИПА SWG, и клучните реформи за пристапување во ЕУ.
Проектот се спроведува во периодот од 02.01.2023г. до 02.02.2026г.
I. Опис на побарувањата:
1.1. Организирање настани – караван Roadshow со опрема и ресурси, во рамки на Кампања за подигнување на свеста
o Roadshow – караван во 10-те целни општини: Шуто Оризари, Чаир/Топаана, Тетово, Дебар, Битола, Прилеп, Куманово, Велес, Штип и Кочани.
o Обезбедување локација на одржување (предвидено е настаните да се одржат на отворен јавен простор), опрема и ресурси. Активностите може да вклучуваат: локална музика за привлекување толпи на локацијата, активности за вклучување на толпата, како што се сесии со прашања и одговори/дискусии/разговори со учество на водачи на заедницата, видео проекција, дисеминација на проектен промотивен материјал на поставен штанд (обезбеден од страна на организаторот), детско катче, итн.
1.2. Задачи
o Обезбедување соодветна локација за 10-те настани. Локацијата треба да е јавен отворен простор (пример парк, шеталиште, плоштад и сл.). Присутни ќе бидат случајни минувачи – локални граѓани (предвидена бројка на минувачи/посетители околу 50-100).
o Обезбедување на техничка и аудио-визуелна опрема и ресурси, како и одредена опрема во зависност од временските услуги (како на пример, но не ограничено: озвучување во јавен отворен простор, микрофон (еден), музика, видеобим/проектор со мала/средна големина, балони (околу 200), тенда (мала по големина), персонализирани чоколатца, столици (3-5), детско катче, итн)
II. Предвидена временска рамка:
Кампањата е планирано да се спроведе во период од еден месец, во периодот од април до мај, 2025 година.
*Напомена: Поради текот на активностите како и непредвидени случувања може да се случат промени на предвидениот период на спроведување. Точните датуми со локации ќе бидат дополнително договорени.
III. Потребни квалификации:
- Претходно работно искуство во организирање настани.
- Способност за ефективна примена на високи производствени и технички стандарди со цел одржување на високи нивоа на професионализам.
- Претходно искуство во организирани настани поврзани со проекти, граѓански организации или програми финансирани од ЕУ ќе се смета за предност.
IV. Понудувачот треба да достави Понуда(и) со следните елементи:
o Финансиска понуда со изразена единечна цена (по ставки) за најмалку следните работи, но не е ограничено:
– Поддршка во обезбедување локација (јавен отворен простор) во 10-те целни општини;
– Озвучување, еден микрофон, музика;
– Тенда/шатор и штанд за 5-10 лица и 3-5 столици
– Видеобим/проектор (1 мал по големина)
– Мало детско катче (за најмногу 5-6 лица);
– Визуелни додатоци (пример:балони, персонализирани чоколатца (најмалку 200)
– И друго (може да наведете во Вашата понуда и други предлози како посебни ставки)
o Финансиската понуда да биде изразена во бруто сума, во денари. Цената на чинење треба да биде изразена и без ДДВ.
o Професионална биографија и/или Портфолио со сработени настани
o Тековна состојба
*Пример на табела за финансиска понуда, која понудувачот може да ја користи: види тука
V. Постапка и правила за пријавување, рок и избор
✓ На повикот може да поднесат понуда физички и правни лица. Физичките и правни лица може да достават најмалку една понуда.
✓ Понудата да важи 60 дена.
✓ Критериум за доделување на договорот за набавка на услуга е според принципот најдобра понудена вредност (квалитет) за најдобра цена. Оценувањето го врши Комисија за набавки согласно дадените правила во повикот и Правилникот за набавки на организацијата.
✓ Предност при селекција ќе има онаа понуда која во своето портфолио имаат претходна соработка со РАЖМ „Лулуди“.
✓ Лица кои се дел од тимот на спроведување немаат право да аплицираат.
✓ Организацијата го задржува правото да ги извести само оние кои ќе бидат селектирани.
VI. Договор и начин на исплата
По известувањето за селектирана понуда се потпишува договор.
Исплатата ќе се одвива по однапред одредена динамика, согласно потпишаниот договор.
Исплатата се врши без ДДВ, односно проектот е ослободен од плаќање на ДДВ според решение донесено од Секретаријатот за Европски прашања на РСМ. РАЖМ „Лулуди“ ќе го достави решението до фирмата со цел издавање на фактура без ДДВ согласно правилата на УЈП.
Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на побараните документи согласно Повикот, на адреса: „Лазар Трповски“ 1/2-7, 1000, Скопје, или на следните е-маил: razmluludi@gmail.com , luludi_sk@yahoo.com , со назнака за јавниот повик на кој аплицира (Понуда за организирање – Roadshow).
Рокот за аплицирање е до 04.04.2025 година, најдоцна до 15:00 часот.
Понуди добиени по предвидениот рок нема да бидат прегледани.