
15 претставнички на женски ромски и про-ромски организации и активистки членки на неформалната Мрежа за женски ромски права ги зајакнаа своите капацитети и зголемија своите знаења и вештини за застапување и лобирање.
Од средина до крај на јуни месец, 2024 година, спроведена е Обука за застапување и лобирање, и креирање Акциски план за застапување наменета за членките на неформалната Мрежа за женски ромски права. Учесничките преку оваа обука имаа можност да ги зајакнат своите капацитети, вештини и знаење за застапување со цел подобро да се влијае на локалните и национални политики и агенди за заштита и спречување на семејното и родово-базираното насилството врз жените и девојчињата.
Обуката беше спроведена во два сета, притоа првиот сет беше спроведен онлајн во насока на воведен дел на Застапување и дефинирање релевантни локални прашања за застапување и лобирање за поддршка на жените и девојки Ромки во спречување на родово базираното насилство. Додека пак, вториот сет беше спроведен во х. Гарденија во Велес, каде што учесничките се запознаа поблиску со елементите и методите на застапување, анализа на засегнати страни и релевантни локални прашања преку застапување и лобирање. Последниот ден од обуката беше фокусиран кон креирање на Акциски план за застапување за поддршка на жените и девојки Ромки во заштита и спречување на родово базираното и семејно насилство. Обуката беше фасилитирана од страна на обучувачот Зоран Стојковски.
Оваа активност е спроведена во рамки на проектот „Поддршка на жените и девојки Ромки во спречување на родово базираното насилство“, којшто е финансиски поддржан од UN Trust Fund to End Violence against Women
