Отворен Повик за Доставување на Понуди за преведувачки услуги

Ромска Асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“ за потребите на проектот „Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ” (Roma Civil Society for EU Accession), во партнерство со СОНЦЕ – Асоцијација за Демократски Развој на Ромите, Ромски Ресурсен Центар и Симплексис, финансиран од Европска Комисија, програма ИПА III, објавува

Повик со Барање за доставување на понуда(и) за преведувачки услуги

Опис на проектот

Акцијата има за цел да ги зајакне ромските граѓански организации кои ги штитат и промовираат правата на најранливото малцинство во Северна Македонија, т.е. Ромите. Акцијата има за цел да ги поддржи ромските граѓански организации, структурирани во 2 неформални мрежи, и да ги зајакне нивните капацитети за ефикасно застапување и следење на тековните секторски реформи поврзани со процесот на пристапување во ЕУ, структурирана соработка со јавните институции и другите засегнати страни и активно учество во одлучувањето за политиките. да се влијае и да се подобри дијалогот за секторски политики во интеграцијата на Ромите и другите ИПА SWG, и клучните реформи за пристапување во ЕУ. Проектот се спроведува во периодот од 02.01.2023г. до 02.02.2026г.

I  Опис на побарувањата:
Преведувачки услуги:

  1. Преведувачки услуги од македонски кон англиски јазик, и обратно
    – Пишан превод на проектен промотивен материјал и содржини за онлајн платформи (веб-страница, социјални мрежи, платформи, и сл.)
    – Пишан превод на извештаи, анализи, информатори/билтени (њуслетер), и тн.
    – Предвиден вкупен обем на страници околу 100-185 страници
  2. Преведувачки услуги од македонски кон ромски јазик, и обратно
    – Пишан превод на проектен промотивен материјал и содржини за онлајн платформи (веб-страница, социјални мрежи, платформи, и сл.)
    – Пишан превод на извештаи, анализи, информатори/билтени (њуслетер), и тн.
    – Предвиден обем на страници околу 100-185 страници

II  Предвидена временска рамка:
Во текот на спроведување на проектот наизменично ќе се користат преведувачки услуги.
*Напомена: Поради текот на активностите како и непредвидени случувања може да се случат промени на предвидениот број на страници за превод.

III. Потребни квалификации:
o Претходно преведувачко работно искуство.
o Претходно искуство во преведување содржини поврзани со проекти или програми финансирани од ЕУ ќе се смета за предност.

2. Понудувачот треба да достави Понуда(и) со следните елементи:

  • Финансиска понуда за еден или за двата побарани правци: преведувачки услуги од македонски кон англиски јазик и обратно и/или преведувачки услуги од македонски кон ромски јазик и обратно.
  • Финансиската понуда за преведувачки услуги може да биде изразена цена по страница.
  • Финансиската понуда да биде изразена во бруто сума, во денари. Цената на чинење треба да биде изразена без ДДВ.
  • Професионална биографија и/или професионално портфолио.
  • Тековна состојба (за правни лица)

*Пример на табела за финансиска понуда, која понудувачот може да ја користи: линк

IV  Постапка и правила за пријавување, рок и избор
✓ На повикот може да поднесат понуда физички и правни лица. Физичките и правни лица може да достават најмалку една понуда.
✓ Понудата да важи 60 дена.
✓ Критериум за доделување на договорот за набавка на услуга е според принципот најдобра понудена вредност (квалитет) за најдобра цена. Оценувањето го врши Комисија за набавки согласно дадените правила во повикот и Правилникот за набавки на организацијата.
✓ Предност при селекција ќе има онаа понуда која во своето портфолио имаат претходна соработка со РАЖМ „Лулуди“.
✓ Лица кои се дел од тимот на спроведување немаат право да аплицираат.
✓ Организацијата го задржува правото да ги извести само оние кои ќе бидат селектирани.

V.  Договор и начин на исплата
По известувањето за селектирана понуда се потпишува договор.
Исплатата ќе се одвива по однапред одредена динамика, согласно потпишаниот договор.
Исплатата се врши без ДДВ, односно проектот е ослободен од плаќање на ДДВ според решение донесено од Секретаријатот за Европски прашања на РСМ. РАЖМ „Лулуди“ ќе го достави решението до фирмата со цел издавање на фактура без ДДВ согласно правилата на УЈП.

 

Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на побараните документи согласно Повикот, на адреса: „Лазар Трповски“ 1/2-7, 1000, Скопје, или на следните е-маил: razmluludi@gmail.com , luludi_sk@yahoo.com , со назнака за јавниот повик на кој аплицира (Понуда за преведувачки услуги).

Рокот за аплицирање е 03.04.2025 година, најдоцна до 16:00 часот.

Previous Повторно објавување на повик за доделување на мали грантови за локални ромски и про-ромски организации за општините Куманово и Велес

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved