Предмет: Појаснување и мал амандман на Повикот за ангажирање надворешен евалуатор за проектот “Поддршка на Ромките и девојчињата во борбата против родово базирано насилство“
Почитувани апликанти,
Го доставуваме следното појаснување во однос на Повикот за ангажирање надворешен(и) евалуатор(и) за проектот „Поддршка на жените и девојки Ромки во спречување на родово-базирано насилство“, финансиран од страна на UN Trust Fund.
Покрај задачите наведени во оригиналниот Повик, од евалуаторот/те се очекува да се обезбедат и следните две помали услуги:
1. Превод на финалниот извештај и извршното резиме на македонски јазик.
1. Графичка подготовка и основно визуелно форматирање на финалниот извештај, со цел обезбедување прегледност и достапност.
Појаснување: Овие услуги не се дел од клучните евалуациски активности, но се сметаат за значајни за ефективна комуникација на резултатите.
Се бара од сите апликанти да ги вклучат овие две ставки во нивната финансиска понуда.
Ова појаснување не влијае на целите, обемот или критериумите на евалуацијата, туку е насочено кон унапредување на квалитетот на крајните производи.
Крајниот рок за аплицирање е до 20 мај, 2025 година.
Пристап до ToR: линк
Со почит,
Инес Џемаил
Проектна координаторка
Ромска асоцијација за жени и млади “ЛУЛУДИ“
luludi_sk@yahoo.com,razmluludi@gmail.com070/246-787