РАЖМ Лулуди со зајакнати капацитети за транспарентно работење и известување

Во периодот септември – октомври 2019 година, организацискиот тим на РАЖМ „Лулуди“ имаше можност да посети обука од сет на работилници за зајакнување на организациските капацитети во однос на транспарентно работење, видливост на организацијата и соодветно известување за своето работење до опшата јавност и засегнати страни.

Обуката беше спроведена низ неколку работилници на темите:

  • Разбирање на организациската структура и дизајн;
  • Содржина и подготовка на наративни извештаи;
  • Содржина и подготовка на финансиски извештаи;
  • Ефективна внатрешна и надворешна комуникација
  • Подготовка и проверка на подготвени документи

Обуката за зајакнување на организациските капацитети за транспарентно работење и известување, како и менторство за подготовка и пишување на годишни наративни и финансиски извештаи на организацијата беше спроведен од страна на обучувачката Гордана Несторовска.

Проектот е спроведуван со поддршка од програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање за граѓански организации“. Програмата е спроведувана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на гражанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија. Програмата е финансирана од ЕУ.

     

Previous Започна проектот „Транспарентноста како дел од одржливоста на РАЖМ Лулуди“

Leave Your Comment

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved