16.06.2019
Ромска асоцијација за жени и млади „Лулуди“ на 15 јуни 2019 година започна со имплементација на проектот „Транспарентноста како дел од одржливоста на РАЖМ „Лулуди“.
Целта на проектот е РАЖМ Лулуди да ги зајакне своите организациски капацитети за транспарентно известување кон општата јавност, донаторската заедница и соработниците. Под зајакнати организациски капацитети се подразбираат стекнување вештини за транспарентно известување на тимот на организацијата, воведени правила и практики за редовно транспарентно известување кон сите засегнати страни, изготвени ревизорски документи, организациски извештаи (наративни и финансиски) и останати документи за известување за постигнати резултати од спроведени активности.
Активности на проектот:
- Подготовка на годишни организациски ревизорски извештаи за изминатите две години, 2017 и 2018 година.
- Обука за стекнување практики за подготовка на документи за транспарентно известување
- Пишување годишни наративни и финансиски извештаи на организацијата, со поддршка од ментор.
- Дизајн на годишни извештаи и публикување на истите на веб-страницата на Лулуди и споделена со мрежа на соработници и донатори.
Очекувани резултати:
- Подготвени 2 организациски ревизорски извештаи за 2017 и 2018 година;
- Креирана листа на препораки за подобрување на организациското работење;
- Стекнување вештини за подготовка на податоци и документи потребни за спроведување на организациска ревизија;
- Подготовка на два годишни наративни и финансиски извештаи;
- Подготвен правилник на организацијата за подготовка на документи за транспарентно известување;
- Публикувани два годишни наративни и финансиски извештаи на организацијата, преку официјалната веб – страница на Лулуди, дистрибуирани до засегнати страни, соработници, донатори и членови на организацијата.
Временскиот период на имплементација на проектот е 5 месеци, а буџетот изнесува 246.000 денари.
Проектот е спроведуван со поддршка од програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање за граѓански организации“. Програмата е спроведувана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на гражанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија. Програмата е финансирана од ЕУ.






