РАЖМ Лулуди објавува повик за учество на обука

16.08.2016

Ромската Асоцијација за Млади и Жени ЛУЛУДИ во рамки на проектот “Моќта на жената Ромка во демократските процеси”, финансисран од Американската Амбасада во РМ, ги ПОКАНУВА сите заинтересирани жени и девојки РОМКИ да земат учество на обуката која има за цел да го ЗАЈАКНЕ личниот капацитет на жената Ромка за УЧЕСТВО во демократските процеси.

Обуката ќе ги опфати следните теми:

  • Зголемено учество на жените во кандидатските листи при локални и парламентарни избори: последни промени за застапеност на жените во кандидатските листи;
  • Родова еднаквост: законодавство, пракса, примери за реализација, родово буџетирање;
  • Политика: политика наспроти политички партии, политика наспроти моќ; хронологија на жени политичари;
  • Политички партии: формирање, членство и структура, буџет и извори на финансирање, статут;
  • Застапување и лобирање: тимската работа кон повисока цел, комуникациски вештини, јавен говор; план за застапување улогата на медиумите;

Обуката ќе биде реализирани во два дела:

  • прв дел – 2 дена, надвор од Скопје, во текот на месец септември, 2016 година
  • втор дел – 2 дена, во Скопје во текот на месец октомври, 2016 година

Право на учество имаат сите девојки и жени Ромки, над 18 години, со место на живеење во РМ.

Трошоците за пат, сместување, храна и материјали ќе бидат целосно покриени од страна на организаторот РАЖМ Лулуди.

Апликациите може да ги потполните онлајн или лично во нашите канцеларии.

Краен рок за аплицирање:12.00 часот, 29 август (понеделник), 2016 година.

За сите дополнителни прашања ве молиме контактирајте не на:

info@luludi.mk; luludi_sk@yahoo.com,

тел. 02/61 61 187, моб. 070/726 538, или

лично на ул. Лазар Трповски бр.1/2 -5 (Топанско Поле),

секој ден од 09.00 до 17.00 часот.

На следниот линк може да ја погледнете и поплните апликацијата:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeOZuiKpUjyQqxRAtzQ73WCBPQC-0Jw00UeX3dLRVN52V4Gjg/viewform

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/автор(ите), и не ја одразуваат оние на Владата на САД.

 

Previous Започнува нов проект “Моќта на жената Ромка во демократските процеси”

Leave Your Comment

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved