Започнува нов проект “Моќта на жената Ромка во демократските процеси”

01.07.2016

Поради малиот процент на учество на жените Ромки во доненесување на одлуки и креирање политики, РАЖМ Лулуди покрена кампања за подигнување на свеста за вклучување на жените Ромки во политичките процеси.

Целна група на овој проект се 5 ромски политички партии, 20 Ромки членки на политички партии, 10 жени Ромки кои се заинтересирани да се вклучат во политичка партија,како директни корисиници во проектните активности. Поголемиот дел од активностите е предвидено да се спроведат во заедници кадешто има поголем дел од ромско население, како што се: Шуто Оризари, Циглана, Чаир, Топаана, Ѓорче Петров и Маџари.

Проектот трае 12 месеци и предвидени се: 5 средби со политичките лидери, 5 средби со жени вклучени во политиките и опфаќа соработка со политичките партии и вклучување на нивното членство во сите фази на проектот.

Главната цел на проектот е жените Ромки да бидат активни учесници во процесот на донесување одлуки и политики во сите сфери на јавниот живот, на национално и локално ниво, зајакнување на капацитетите на жените Ромки при застапување на жените и нивните права, учество во активностите на политичките партии и нивна вклученост во листите на кандидати.

Цели на проектот “Моќта на жената Ромка во демократските процеси”:

  • Жените Ромки да станат свесни за родовата нееднаквост во македонското општество;
  • Жените Ромки заедно да ги зајакнат своите капацитети за учествуво во политичките партии и кандидатските листи;
  • Жените Ромки да се здобијат со солидни капацитети за застапување на родовите прашања во политичките партии.

Се со цел да се зајакнат капацитетите на политичките партии, каде што членуваат.

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/автор(ите), и не ја одразуваат оние на Владата на САД.

0001

0002

Novost broj 4

Previous ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА – Помош во Храна за Светиот Месец во Р.Македонија

Leave Your Comment

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved