04.09.2020г.
Во престојниот период од септември 2020г. до мај 2021 година РАЖМ „Лулуди“ ќе спроведува низа на активности во рамки на кампањата за подигнување на свеста за спречување и превенција на трговијата со деца и девојки.
Со добиената поддршка од Советот на Европа, Лулуди ќе организира низа активности наементи за подигнување на јавната свест за трговијата со деца и различните форми на експлоатација, вклучително и принудното питачење, принудни бракови кај деца од различни етнички заедници, девојки Ромки, родители, локални лидери од заедницата, наставнити и медиуми, како и зајакнување на децата и младите, со фокус на девојките Ромки, во препознавање и пријавување на можните инциденти и случаеви на трговија со деца.
Главна таргет група на проектот се млади лица – средношколци, од 15 до 19 годишна возраст кои живеат во општините Скопје – Шуто Оризари, Тетово, Штип и Куманово. Воедно, ќе бидат спроведени средби и блиски соработки со професорите, училиштата, локалните граѓани и сите засегнати институции.
Проектот „Сите заедно во спречување на трговијата со деца и девојки“ е финансиски поддршан од Европската Унија и Советот на Европа.



