03.03.2017
Научете како да ги продадете вашите вештини и знаење на работодавачите, како да напишете ваша професионална биографија, како да се подготвите за интервју за работа и да се истакнете пред другите кандидати, научете како да работите во тим и уште многу многу техники за полесно наоѓање на работа.
Пријавете се на обуките за развој на лични вештини !
Обуката за развој на лични вештини за вработување ќе опфатат повеќе теми и тоа: комуникациски вештини, ефективна комуникација, личен план и кариерен плаан за вработување, пишување на кратка професионална биографија, вештини за барање на работа (пребарување на огласи,агенции и сл.), пишување на апликација за работа, презентација и презентациски вештини и подготовка за интервју (видови на интервју, деловно облекување, професионален однос и сл.).
Сите заинтересирани може да се обратат на 070 246 787.
Краен рок за пријавување: 13.03.2017 (понеделник).
Обуката ќе се одржува во Тренинг центар наменет за потребите на проектот “Еднакви можности на Ромките за учество на пазарот на труд“, финансиран од Европската Унија. Имплементација од страна на РАЖМ Лулуди. и ОРТ.
За подетални информации може да се обратите на 070 246 787 или на info@luludi.mk.
Проект “Еднакви Можности на Ромките за учество на пазарот на труд”, во реализација на РАЖМ ‘Лулуди’ и ОРТ, поддржан од страна на Европската Унија.


