20.04.2017
На четиримесечната Обука за професионална квалификација – за шиење и кроење во Тренинг центарот за стекнување на професионални вештини учество земаа четири невработени жени од Скопје.
На оваа обука за стекнување на професионална квалификација учесничките преку стручно-теоретски презентации и практични примери и вежби се стекнаа со професионални вештини и техники за шиење и кроење.
Учесничките за прв пат се запознаа со техниките и функции на една машина за шиење, тие научија да:
- раководат со машината за шиење и приборот за работа,
- стекнаа знаење за различни видови на материјали,
- рачно шиење,
- зашивување на копчиња и патенти,
- кроење и техники на кроење,
- правење на фалти и карнери,
- земање на мерки
- шиење на разновидна облека (здолништа, панталони, кецели, и сл.),
- поправка на конфекциски производ,
- подготовка на работното место и
- примена на норми на работна етика.
По завршување на обуката секоја од учесничките полага завршен испит составен од теориски и практичен дел и со положување на истиот се здобива со сертификат за успешно завршен курс за шивачка.
Обуката се одржи во периодот декември 2016 год. до април 2017 год. во нашиот Тренинг центар финансиран од страна на ЕУ.
Целта на проектот е зголемување на можностите за вработување на жените Ромки низ развивање на клучните вештини и квалификации, преку посета на обуки за креирање на бизнис план, развивање на идеа и вработување преку сопствен бизнис и поддршка преку други инструменти и начини на невработени жени Ромки, со цел да бидат поблиску до можност за вработување.
Проект “Еднакви Можности на Ромките за учество на пазарот на труд”, во реализација на РАЖМ ‘Лулуди’ и ОРТ, поддржан од страна на Европската Унија.










