01.09.2016
На покана на еден од организаторите – организацијата ДЕРЈА, Лулуди учествуваше на седмиот по ред International Patchwork Festival во Голџук, Турција од 26 -28 август, 2016 година.
Фестивалот ги промовира занаетите и рачната изработка на продукти, со посебен акцент на промоција на жени кои работат и заработуваат преку рачните изработки.
Освен учесници и гости од Турција, на фестивалот имаше гости од цел Балкан, Кипар и Кореја. Настанот беше поддржан од општината Голџук, занаетчиската комора на Турција и неколку организации.







