foogallery
domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init
action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/luludimk/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114Соодветната едукација и препознавање на формите на трговија со луѓе е клучно за да знаеме како да се заштитиме, како да реагираме, како да постапиме, и како истото да го пријавиме. Соодветната едукација ќе придонесе кон поголема заштита и превенирање младите да не влезат во синџирот на трговија со луѓе.
Подржете ја онлајн кампањата преку споделување на едукативните промотивни видеа подготвени од страна на средношколците од 10 средни училишта од Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп и Штип, како активни актери во општеството, млади лидери – промотори во спречување и превенција од трговијата со деца.
Учествувај и ти, сподели ги видеата преку твоите профили на социјални мрежи и други канали за комуникација и придонеси младите и општата јавност да се едуцираат, да знаат како да препознаат и избегнат можни случаеви на трговија со луѓе, како и да се охрабрат да пријават доколку забележат дека им се случува ваква злоупотреба!
Во подготовката на промотивните видеа земаа учество ученици од средните училишта: СОУ „Никола Штејн“ – Тетово, СОУ „Орде Чопела” – Прилеп, СОУ „Ѓорче Петров” – Прилеп, СОУ „Димитар Мирасчиев“- Штип, СОУ „Коле Нехтенин“”- Штип, СОУ ,,Јане Сандански” – Штип, СОУ „Перо Наков“- Куманово, СУГС „Шаип Јусуф“- Скопје, и СУГС „Арсени Јовков“ – Скопје.
Милиони млади и деца, жени, но и мажи, секојдневно се принудуваат на проституција, питачење, слугување во куќи, работа на плантажи и на други видови принуда. Се проценува дека на меѓународно ниво денес има помеѓу 20 и 40 милиони луѓе жртви на трговија со луѓе. Според деветиот Генерален извештај на ГРЕТА, објавен март 2020 година, во Европа се забележува тренд на зголемување на идентификувани жртви на трговија со луѓе за 45%, притоа бројката на идентификувани жртви на трговија со луѓе во Европа во 2018 година е околу 15 300 лица. Во Македонија бројот на идентификувани жртви на трговија со луѓе во 2018 година е 9, од кои поголемиот дел се малолетни лица. Според Извештајот на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, во 2019 година во РСМ од страна на институциите се идентификувани 6 жртви на трговија со луѓе, од кои 4 се деца, од женски пол. 86 потенцијални жртви на трговија со луѓе и тоа 67 женски и 19 се машки; од кои: 62 лица под 19 години, додека 24 лица се на возраст од 19-50 години). Во РСМ злоупотребата на деца преку присилна сексуална експлоатација, присилните бракови и трудовата експлоатација се доминанти форми на трговија со луѓе, а најголемиот број евидентирани деца жртви на трговија се женски деца на возраст од 14 до 16 години.
Трговија со деца претставува трговија со луѓе односно со деца преку регрутирање, транспорт, трансфер, сместување и прифаќање со цел експлоатација и злоупотреба на детето, во или надвор од земјата, преку употреба на измама, присила, убедување преку давање лажни ветувања, примена на сила и моќ. Децата може да бидат измамени и експлоатирани од страна на непознати и познати лица, најчесто преку социјалните медиуми на интернет, привлечни огласи за заработка, киднапирање итн. Дете ќе се смета за жртва на трговијата со луѓе без оглед дали некои средства (насилство, измама, злоупотреба на позицијата на ранливост, итн.) биле употребени за да се регрутира детето со цел негова експлоатација. Согласно член 177-а од Законот за семејството, дете жртва на трговија со луѓе е малолетно лице до 18 години кое со или без негова согласност, на кој било начин, станало жртва на трговија со луѓе заради експлоатација. Поимот “дете“ значи секое лице кое е на возраст под осумнаесет (18) години. Согласноста на детето - жртва е ирелевантна, дури и во случај да не е користено ниту едно од следниве средства: сила, принуда, киднапирање, измама, злоупотреба на сила или други дејства, преземени додека детето се наоѓа во состојба на ранливост или додека се наоѓа под контрола на друго лице.
Целта на трговијата со луѓе е остварување на заработка или некоја друга корист преку некоја врста на експлоатација или искористување на жртвата. Експлоатацијата на жртвата може да има неколку облици, како најчести се:
Промотивните видеа се креирани по спроведена едукација на средношколците за што е трговија со луѓе, формите на трговија со деца и експлоатација, начините на идентификување, спречување и заштита. Стекнатото знаење дел од средношколците го преточија во форма на видеа со цел пренесување на стекнатото знаење за формите и заштита од трговијата со луѓе, до своите врсници и до општата јавност. Петте изготвени промотивни видеа опфаќаат разни облици на трговија со луѓе, како принудни бракови, сексуална експлоатација, трудова експлоатација, cyber trafficking, а воедно пренесување пораки со начините и можностите за превенција и заштита. |
Главната цел на оваа кампања е подигнување на јавната свест за трговијата со деца и различните форми на експлоатација особено во непповолните заедници и групи, да се зајакнат децата и младите, со фокус на девојките Ромки, во препознавање и пријавување на можните инциденти и случаеви на трговија со деца. зголемување на нивната партиципација во превентирање и спречување на трговијата со деца на локално и национално ниво во Република Северна Македонија, поттикнување на локалното делување во справување со трговијата со деца, особено со модерните форми како што се трудова експлоатација, принудно питачење, прекугранична трговија со деца итн. |
Предвидените активности наменети за средношколците се спроведуваат во соработка со локалните советници од локалните организации: Здружение на мултиетничко општество за човекови права-Штип, Центар за ромска заедница „Дром“ од Куманово, АДРР „Сонце“ од Тетово , Рома Перспектив - Прилеп и ЗГ „Ромаверзитас“- Скопје, и со средните училишта: СОУ „Никола Штејн“ – Тетово, СОУ „Орде Чопела” – Прилеп, СОУ „Ѓорче Петров” – Прилеп, СОУ „Димитар Мирасчиев“- Штип, СОУ „Коле Нехтенин“”- Штип, СОУ ,,Јане Сандански” – Штип, СОУ „Перо Наков“- Куманово, СУГС „Шаип Јусуф“- Скопје, и СУГС „Арсени Јовков“ – Скопје, а со поддршка од МОН и Бирото за развој на образованието и општините на Град Скопје, Тетово, Штип, Куманово и Прилеп. *Оваа кампања е во рамки на проектот „Сите заедно во спречување на трговијата со деца и девојки“, финансиски поддржано од Европска Унија и Советот на Европа, во рамките на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа - Хоризонталeн инструмент за Западен Балкан и Турција“ (Horizontal facility II) 2019-2022 г. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата изразени во истиот го одразуваат мислењето на Советот на Европа или на Европската Унија. |