Анализа на состојбата на жените Ромки во Р.М. и пазарот на труд

Главната цел: Генерирање на нови идеи за подобрување на компетитивноста и мобилноста на невработените жени Ромки во Република Македонија.

Специфична цел: Преку истражување да се изврши евалуација на моменталната состојба на жени Ромки во градовите Тетово, Куманово, Штип и Прилеп, во поглед на невработеноста, инклузија на пазарот на труд и користење на активните меки за вработување на Владата на РМ.

Целна група: Невработени жени Ромки од 18-55 години од Тетово, Куманово, Штип и Прилеп – населени места каде живее поголем процент на ромско население и места кои се географски распредели во различни предели од РМ. Жените опфатени од наведените населени места претставуваат национален примерок за претставување на состојбата.

Главни активности:

  • Креирање тим и зајакнување на тимот
  • Подготовка на прашалник за истражување ( анкетен прашалник за жени Ромки и за институции),
  • Контактирање со локални ромски организации, локални агенции, општини ит.н.,
  • Тренинг за оформена група од 4 анкетари,
  • Организирање на истражување помеѓу целната група и институции
  • Евалуација на анкетите, анализа и промоција на истражувањето.
  • Евалуација на анкетите и пишување на извештај
  • Публикување и промоција на истражувањето

Резултати:

  • Спроведена ефективна анкета помеѓу 140 невработени жени Ромки за потребите и ограничувањата на пазарот на труд
  • Спроведена анкета помеѓу 12 локални институции во опфатените региони
  • Обработени и добиени податоци од 140 прашалници потполнети од невработени жени Ромки, и 12 локални институции
  • Прибрани 10 клучни предлози од целната група за надминување на социјалната ексклузија на пазарот на труд кај жените Ромки
  • Еден подготвен и публикуван извештај со препораки за нови идеи за подобрување на компетитивноста и мобилноста на невработените жени Ромки, креирање на идни планови, политики и мерки
  • 100 дистрибуирани извештаи до засегнати лица, институции, медиуми, соработници, национални и меѓународни мрежи

Период на реализација на проектот: јануари – мај 2017 година.

На следниот линк може да ја погледнете Анализата за учество на жената Ромка на пазарот на труд во Република Македонија.

Проектот го спроведоа Ромска Асоцијација за жени и млади ЛУЛУДИ  како грантист во партнерство со Институт за Истражување и Анализа на Политики – РОМАЛИТИКО (консултант). Истражувањето е поддржано од страна на Roma CSO Network – Roma Community’s Response, преку ИПА/2015/371474.

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved