25.07.2016
РАЖМ Лулуди заедно со ОРТ како носителот на проектот Еднакви Можности за Ромките на пазарот на труд, успешно реализираше информативни средби за граѓани во неколку скопски општини. На средбите севкупно имаше над 200 присутни гости кои се информираа за целите на проектот, активностите на проектот и како да се вклучат во истите.
Средбите се реализираа со следниот распоред:
- 30.05.2016 – општинска сала Шуто Оризари
- 03.06.2016 – детска градинка 8ми април, Шуто Оризари,
- 07.06.2016 – месна заедница Даме Груев, Ѓорче Петров
- 08.06.2016 – месна заедница Маџари 1
- 09.06.2016 – ОУ Васил Главинов, Топанско Поле
- 13.06.2016 – Центар Сакам да знам – Хера, амбуланта Шуто Оризари
- 14.06.2016 – Центар Сакам да знам – Хера, амбуланта Шуто Оризари
- 17.06.2016 – текија Топаана
- 28.06.2016 – РРЦ Шуто Оризари
- 19.07.2016 – Дендо Вас, Ѓорче Петров
Сите оние кои се заинтересирани да земат учество во активностите на проектот, а немале можност да присуствуваат, можат да не исконтактираат на тел.02/61 61 187, моб. 070 726 538.
Информативните јавни средби се дел од проектот “Еднакви Можности на Ромките за учество на пазарот на труд”, во реализација на РАЖМ ‘Лулуди’ и ОРТ, поддржан од страна на Европската Унија.




