20.04.2017
Во периодот од април 2016 година до април 2017 година, Ромската Асоцијација за жени и млади „Лулуди“ го реализирираше проектот под наслов „Моќта на жената Ромка во демократските процеси“, финансиран од Американската Амбасада во РМ.
Главна цел на проектот:
Жените Ромки активни учесници во јавниот живот во сите фази на процесот на донелување одлуки и политики, на национално и локално ниво.
Резултати::
Подигната е свеста кај жените Ромки за родовата нееднаквост во македонското општество. Жените Ромки заедно со другите жени од Скопје имаат зголемени и зајакнати капацитети за учество во активности на политички партии и вклучување во листите на кандидати. Жените Ромки во политичките партии во областа Скопје, постигнуваат поголемо и поактивно учество и влијание при застапување на родовите прашања.
Поголем дел од активностите беа имплементирани во Скопје, односно заедниците каде има поголема застапеност на ромско население како: Шуто Оризари, Чаир (Топаана), Ѓорче Петров и Маџари.
Спроведени активности:
- Инфо кампања
Инфо кампањата вклучи средби со:
- Претставници од политички партии и институции
- Подмладоци на политички партии
- Средби со претставници од невладиниот сектор
- Инфо средби со граѓани
- “Женско кафе“ со млади жени Ромки
- Обука: „Политичко зајакнување на жената Ромка“
Тимот организира два семинара во времетраење од два дена, надвор од Скопје, за 30 жени Ромки.
Целта на обуките е подигнување на свеста кај жените Ромки за родовата нееднаквост во македонското општество, да се зголемат нивните капацитети за поактивно вклучување во активностите на политичките партии. Едукација за политика, политички партии и ромски жени политичарки. Агендите се состоеа од теориски сесии, дискусии, индивидуални и групни вежби, подигнување на мотивација преку гледање на документарен филм. Учесничките се од различни градови: Прилеп, Берово, Тетово, Битола, Кочани, Виница, Велес и Скопје, што придонесе учесничките да се запознаат меѓусебе, да си споделат потребите за активно учество во политичкиот и јавен живот.
Темите на семинарите опфатија повеќе теми, и тоа политиката наспроти моќта, влијание на членовите врз лидерот, застапување и лобирање, тимска работа, легислатива за родова еднаквост, родови буџетирања, улогата на жената во политиката, жените и лидерството, говор на тело и презентација и останати зависно од потребата итн.
Постигнати резултати:
- информираност на учесничките за улогата на некоj од локалните институции битни при третманот на нивниот приоритетен проблем, информации околу организации кои работат на женски прашања на локално ниво во нивните градови, како и на национално ниво.
- -Оспособени да иницираат одредени битни прашања во заедницата, основни предзнаења како да утврдат проблем и да го поткрепат.
- Споделување на искуства и проблематики од заедницата
Тренери на обуката: Сонѓул Шабан, Елвис Мемети и Зурија Саит.
Фотографии од спроведената обука може да погледнете на следниот линк:
- Кратки работилници за спроведување на истражување и анкетирање
По обуките, младите жени Ромки посетија работилница за спроведување на истражување и анкетирање, кои вклучија: разгледување на програмите на политичките партии, правење на десктоп истражување со цел осознавање на женската вклученост во парламентарните избори 2016г., разгледување на листите, и изготвување на кратко истражување на тема Политичката неактивност на жените Ромки во Македонија.
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/ авторот(ите) и не ги одразуваат оние на владата на САД.



