Реализирани 6 Работилници за Самозајакнување за жени Ромки

30.11.2016

Во текот на месец ноември 2016 година, проектот “Еднакви можности на Ромките за учество на пазарот на труд„ финансиран од страна на ЕУ, спроведе 6 работилници за самозајакнување на жената Ромка.

Работилниците за самозајакнување опфатија повеќе теми, каде што жените Ромки имаа можност да слушнат повеќе за родовата еднаквост и стереотипи на пазарот на труд, претставување на работничките права, можности за вработување, кои вештини се бараат од работодавачите, како и завземање на учество во активностите и обуките за стекнување на професионални вештини и квалификации од самиот проект.

Работилниците за самозајакнување се воведни средбиза невработени жени Ромки од 18 – 55 години од Скопје, со цел информирање за видовите на поддршки за полесно вработување и обуките за професионален развој.
Целта на овие работилници е да ги зајакнат жените со информации, за потешкотиите и предностите со кои може да се соочат на пазарот на труд, запознавање со права и пристап на пазарот на труд во РМ, како и мотивација за земање учество на пазарот на труд.

 

Работилниците за самозајакнување се дел од проектот “Еднакви можности на Ромките за учество на пазарот на труд“, имплементиран од страна на организацијата ОРТ во партнерство со РАЖМ Лулуди, а финансиран од страна на ЕУ.

Previous РАЖМ Лулуди заедно со ромските медиуми информираат за повик за пријавување за обуки за невработени жени

Leave Your Comment

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved