30.08.2016
РАЖМ Лулуди реализираше средби со лидерите на ромски политички партии, како дел од проектот Моќта на жената Ромка во демократските процеси, поддржан од Американската Амбасада во Р.М. Целта на средбите беше да се презентираат активностите на проектот и вклучување на жените членки на политички партии во активностите.
Политичките лидери дадоа охрабрување за започнување на ваков проект, поддршка преку вклучување на Ромки- членки на нивната политичка партија и организирање на средба со жените членки со цел утврдување на предизвиците и потребите за нивно поактивно вклучување во политичките процеси.





Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/автор(ите), и не ја одразуваат оние на Владата на САД.


