01.12.2016
Еднакви можности на Ромките за учество на пазарот на труд – проект имплементиран од ОРТ во партнерство со РАЖМ Лулуди, кој има за цел да ги зголеми можностите на жените Ромки за вработување преку стекнување на професионални квалифицкации и вештини кои се потребни и се бараат на пазарот на труд ОБЈАВУВA ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНИ ВЕШТИНИ.
Обуките за професионални вештини опфаќаат четири типа на обуки: обука за фризери, обука за уредување на нокти, обука за шиење и кроење и обука за компјутерски вештини.
На обуките може да се пријаат сите неврабтени жени Ромки од Скопје од 18-55 години.
Краен рок за аплицирање: 10.12.2016
Апликацијата може да се поднесе лично во просториите на Лулуди во Топанско Поле, Скопје или по електронски пат на следната маил адреса: info@luludi.mk
За дополнителни информации и прашања контактирајте не на: 02/61 61 187; 070/726 538
Ги повикуваме сите заинтересирани невработени жени да ја потполнат апликацијата и да земат учество на некоја од обуките за стекнување на професионални вештини.
проект “Еднакви Можности на Ромките за учество на пазарот на труд”, во реализација на РАЖМ ‘Лулуди’ и ОРТ, поддржан од страна на Европската Унија.



