28.10.2016
Еднакви можности на Ромките за учество на пазарот на труд – проект имплементиран од ОРТ во партнерство со РАЖМ Лулуди, кој има за цел да ги зголеми можностите на жените Ромки за вработување преку стекнување на професионални квалифицкации и вештини кои се потребни и се бараат на пазарот на труд ОБЈАВУВA ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦИ ЗА САМОЗАЈАКНУВАЊЕ.
Работилниците за самозајакнување ќе ги опфатат следните теми: самозајакнување, самомотивација, кои вештините се бараат од работодавачите, родово прашање (родова еднаквост на работното место и при барање на работа), стереотипи на пазарот на труд (стереотипи за професии), работнички права (договори за работа, правна рамка за заштита на права, синдикати, право на здравствено/пензиско/инвалидско осигурување).
Ќе бидат организирани вкупно 5 работилници во Скопје, секоја со времетраење од 3 часа, во текот на месец ноември, 2016 година.
На учесниците ќе им бидат обезбедени тренери, материјали и освежување за време на работилниците.
Краен рок за аплицирање: 06 ноември, 2016
Апликацијата може да се поднесе лично во просториите на Лулуди, преку пошта адреса: улица Лазар Трповски бр.1/ 2 – 7, Топанско Поле, Скопје или по електронски пат на следната маил адреса: info@luludi.mk
За дополнителни информации и прашања контактирајте не на: 02/61 61 187; 070/726 538
Апликацијата можете да ја симнете на следниот линк
https://docs.google.com/…/1weU0fetC0PdCn_-KTdAZHbJIhmV…/edit
Ги повикуваме сите заинтересирани невработени жени да ја потполнат апликацијата, со што ќе си обезбедат и место за наредните обуки.
проект “Еднакви Можности на Ромките за учество на пазарот на труд”, во реализација на РАЖМ ‘Лулуди’ и ОРТ, поддржан од страна на Европската Унија.


