Како посебни области на делување на кои ќе посветиме посебно внимание во следниот период, се издвојуваат: родово базирано насилство, човекови права – право на избор, социјална инклузија и економско јакнење, институционален развој и организациско јакнење.
Во остварувањето на своите принципи, цели и задачи Здружението ќе остварува соработка со:
- Владини организации и институции вклучувајќи ги и образовните институции;
- Невладини организации, здруженија на граѓани и фондации во Република Македонија, Европа и во светот и вклучување во нивните мрежи;
- Стручни и научни организации, асоцијации и институции (фондации, агенции итн).


