5.05.2017
Нашиот Тренинг Центар кој се отвори како дел од проектот „Еднакви можности на Ромките за учество на пазарот на труд“, со задоволство може да ве извести за неговото успешно работење во изминатиот период.
Тренинг центарот е отворен од декември 2016 година, во населбата Топанско Поле, Скопје, се со цел во овие простории невработени жени Ромки од Скопје да поминат и посетат неколку типа на обуки за развој на лични и професионални вештини и квалификации, што ќе им помогнат и олеснат патот кон вработување и успешно вклучување на пазарот на труд, како и да бидат поконкуретни на истиот.
Тренинг центарот во периодот од декември 2016 година до април 2017 година спроведе обуки за професионална квалификација и тоа: обука за уредување на нокти, обука за шиење и кроење, обука за фризерки и обука за компјутерски вештини. Секоја од обуките располагаше со свое соодветно катче-просторија, опрема и материјали, а обуките ги водеа стручни професори кои изготвија наставна програма соодветна за секоја обука проследена со теориски и практичен дел (вежби, презентации,прирачници ит.н.)
По завршување на обуката секоја учесничка за да се здобие со сертификат за стекната квалификација полагаше завршен испит, изготвен од страна на обучувачите, составен од теориски и практичен дел.
На обуките земаа учество околу 30тина жени Ромки од различни делови на Скопје, од кои:
- 9 успешно завршија обука за уредување на нокти
- 7 успешно завршија обука за фризерки
- 3 успешно завршија обука за шиење
- 4 успешно завршија обука за компјутерски вештини
Исто така, Тренинг центарот располага и со просторија Детски дневен центар наменет за децата на учесничките од обуките. За времетраење на обуките, односно додека учесничките имаа часови од обуките кои ги посетуваа нивните дечиња беа згрижени од негуватели во Детскиот дневен центар, како би можеле учесничките целосно да учествуваат на обуките. Детскиот дневен центар е опремен соодветно на потребите на децата и е во склоп на Тренинг центарот, т.е во самиот објект на Тренинг центарот, за да учесничките-мајки бидат блиску до своите деца.
Тренинг центарот се наоѓа во населбата Топанско Поле, Скопје, на ул. Благоја Паровиќ бр.76/ 23.
Тренинг центарот е наменет за потребите на проектот “Еднакви можности на Ромките за учество на пазарот на труд“, финансиран од Европската Унија. Имплементација од страна на РАЖМ Лулуди и ОРТ.







