
Главна цел на проектот: Жените Ромки активни учесници во јавниот живот во сите фази на процесот на донелување одлуки и политики, на национално и локално ниво.
Спроведени активности:
- Инфо кампања, која вклучи средби со:
- Претставници од политички партии и институции
- Подмладоци на политички партии
- Претставници од невладиниот сектор
- Инфо средби со граѓани
- „Женско кафе“ со млади жени Ромки
- Обука: „Политичко зајакнување на жената Ромка“
Спроведен циклус од два семинара/обуки за 30 жени Ромки. Целта на обуките е подигнување на свеста кај жените Ромки за родовата нееднаквост во македонското општество, да се зголемат нивните капацитети за поактивно вклучување во активностите на политичките партии, едукација за политика, политички партии и ромски жени политичарким, мотивација и разгледување на потребите за активно учество во политичкиот и јавен живот.
Тренери на обуката: Сонѓул Шабан, Елвис Мемети и Зурија Саит
- Кратки работилници за спроведување на истражување и анкетирање
По обуките, младите жени Ромки посетија работилница за спроведување на истражување и анкетирање, кои вклучија: разгледување на програмите на политичките партии, правење на десктоп истражување со цел осознавање на женската вклученост во парламентарните избори 2016г., разгледување на листите, и изготвување на кратко истражување на тема Политичката неактивност на жените Ромки во Македонија.
Резултати:
- Подигната е свеста кај жените Ромки за родовата нееднаквост во македонското општество.
- Жените Ромки заедно со другите жени од Скопје имаат зголемени и зајакнати капацитети за учество во активности на политички партии и вклучување во листите на кандидати.
- Жените Ромки во политичките партии во областа Скопје, постигнуваат поголемо и поактивно учество и влијание при застапување на родовите прашања.
- Оспособени да иницираат одредени битни прашања во заедницата, основни предзнаења како да утврдат проблем и да го поткрепат.
Период на реализација на проектот: април 2016 – април 2017
Проектот е поддржан од Амбасадата на САД во Р. Македонија.




