24.02.2017
Двомесечна обука за уредување на нокти се спроведе во Тренинг центарот за стекнување на професионални вештини, на која учество земаа 14 невработени жени Ромки од Скопје.
Девет учеснички успешно ја поминаа обуката за уредување на нокти и се стекнаа со професионални вештини, и тоа:
- запознавање со анатомија на ноктот и одржување на хигиена на ноктот,
- ракување со апарати и алати,
- пристап со клиенти,
- класичен маникир,
- француски маникир,
- надоградба на нокти со гел техника (наливни и типс),
- декорирање на нокти,
- цртеж со еден потег,
- правење на корекција на гелни нокти.
Обуката се одржи во периодот од 15 декември 2016 година до 16 февруари 2017 година во Тренинг центарот за стекнување на професионални вештини, кој се наоѓа во населбата Топанско Поле, Чаир.
На крајот од секоја обука учесничките полагаа завршен испит составен од теориски и практичен дел. По обуката и положениот завршен испит се здобија со сертификат за стекнување на професионална квалификација за уредување на нокти.
Целта на проектот е зголемување на можностите за вработување на жените Ромки низ развивање на клучните вештини и квалификации, преку посета на обуки за креирање на бизнис план, развивање на идеа и вработување преку сопствен бизнис и поддршка преку други инструменти и начини на невработени жени Ромки, со цел да бидат поблиску до можност за вработување.
Проект “Еднакви Можности на Ромките за учество на пазарот на труд”, во реализација на РАЖМ ‘Лулуди’ и ОРТ, поддржан од страна на Европската Унија.








