Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост

Опис на проектот:
Поттикнување на проактивноста на граѓанското општество преку зајакнување на вмрежувањето, користејќи РОБ методи за соработка со локалната самоуправа и формирање на локални политики и буџети за решавање на различните потреби на жените и мажите, особено на најранливите и маргинализираните групи во 17 целни општини (Делчево, Македонска Каменица, Кавадарци, Неготино, Радовиш,Гевгелија, Струга, Вевчани, Крушево, Кривогаштани, Чаир, Шуто Оризари, Илинден, Старо Нагоричане, Липково, Брвеница и Теарце). Проектот е синхронизиран и дополнително ќе ги зајакне капацитетите на постојната неформална Мрежа за родово одговорно буџетирање (МРОБ) со проширување на членството со граѓански организации (ГО) од целните општини истовремено застапувајќи ги интересите на руралните жени и мажи, сиромашни жени и мажи,жени и мажи со попреченост, маргинализираните жени и мажи ( од етничка, религиозна или сексуална природа) и жени и мажи од ранливите возрасни групи
(млади и постари граѓани).

Главни активности:
● Мобилизација на граѓани
● Градење на капацитетите на ГО
● Промовирање на Мрежата за родово одговорно буџетирање како партнер
на општините

Општи цели: Преку структурно вмрежување и соработка со локалната самоуправа, до креирање политики и буџети кои ќе одговорат на потребите на жените и мажите, особено во време на криза.

Специфични цели:

– Мобилизација на граѓаните во партиципативните процеси и придонес во донесувањето одлуки на локално ниво преку проценка на родовиот буџет и иницијативите за политика насочени кон социјално вклучување и зајакнување на родовата еднаквост;
– Градење капацитети на ГО за користење на РОБ алатки за проценка на усогласеноста помеѓу политиките и буџетите и потребите на мажите и жените;

– Унапредување на МРОБ во следењето на трошењето на јавните финансии на локално ниво застапувањето за родово одговорни буџетски политики / програми.

Целни групи: ГО кои застапуваат жени и мажи од маргинализирани групи (рурални, жртви на насилство, Роми и екстремно сиромашни), од 17 општини на ниво на Македонија.

Партнери: ЦИКП (главен партнер), РАЖМ „Лулуди“, ЕХО Штип, Рурална коалиција и Новинари за човекови права;

Период на спроведување: јануари 2021г. – април 2024г.

Буџет: 445,357.00 €

Проектот е финансиски подржан од страна на Европска Унија.

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved