05.09.2016
Во периодот јули – август 2016 година, се реализираа неколку Женско кафе средби со жените членки на ромски партии во Македонија.
Низ уживањето во кафето, тимот на Лулуди и присутните жени разговараа и споделуваа искуства за нивната одлука да се приклучат на политичка партија, како пристапиле на партиие, која е нивната улога во партија, во кои активности и каде се гледаат себеси во иднина.
Тимот на Лулуди ја претстави целта на проектот „Моќта на жената Ромка во демократските процеси“ и ги покани да се приклуќат во семинарите за политичко зајакнување на жената Ромка, кои ќе следат во следниот период од годината.
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/автор(ите), и не ја одразуваат оние на Владата на САД.






