ДОПОЛНИТЕЛНО ИЗВЕСТУВАЊЕ:
Почитувани, Ве известуваме дека крајниот рок за поднесување Понуда на Повикот за подготовка и продукција на видео е најдоцна до 09.01.2026 година.
Ромска Асоцијација за жени и млади „Лулуди“ – Скопје за потребите на проектот “Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“, објавува Повик за подготовка и продукција на видео спот.
Целта на видеото е да се зголеми знаењето и разбирањето на граѓаните за вредностите и принципите на ЕУ, клучните приоритети и политики, процесот на пристапување, придобивките и обврските од членството во ЕУ, важноста на ЕУ интеграцијата, и потребните реформи, како и борбата против дезинформациите и лажните вести за овие прашања. Воедно, да се поттикне активна партиципација на сите засегнати чинители.
Краен рок за доставување понуда е до 27.12.2025, до 16:00 часот.
Документите за пријавување на повикот треба да се достават лично, по пошта или електронски на следните адреси/контакти:
Поштенска адреса: Лазар Трповски бр.1/2-7, 1000 Скопје
Е-маил адреси: razmluludi@gmail.com, luludi_sk@yahoo.com
Назнака: Понуда за видео
Целосниот Повик со сите подетални информации е на следниот линк


