17.04.2017
Успешно спроведена Обука за основно ниво на копмјутери и информатика. Четири жени Ромки од Скопје успешно ја завршија обуката и се стекнаа со основни познавања и вештини за работа на компјутер: користење на Microsoft Office пакетот, користење на интернет, електронска адреса и основи на уредување на фотографии.
Се стекнаа со професионално основно знаење на работа со компјутер и алатките на Microsoft Office . Во текот на обуката тие научија:
- како успешно да изработат и да користат алатки за уредување на документи на Word;
- подготовка на табели, графикони и пресметки на Excel и
- приготвување на презентации со анимации и аудио-визуелни ефекти на Power Point.
По завршување на обуката секоја од учесничките полага завршен испит составен од теориски и практичен дел, притоа со положување на истиот се здобива со сертификат за успешно завршен курс по основно ниво на компјутери и информатика.
Обуката се одвиваше во периодот од 08.03.2017 год. до 14.04.2017 год. во нашиот Тренинг Центар кој е финансиран од страна на ЕУ.
Целта на проектот е зголемување на можностите за вработување на жените Ромки низ развивање на клучните вештини и квалификации преку посета на специфични обуки одредени според нивните индивидуални потреби за вработување. Поддршка на идеи за самовработување кај жените Ромки, преку посета на обуки за креирање на бизнис план, развивање на идеа и вработување преку сопствен бизнис. Поддршка преку други инструменти и начини на невработени жени Ромки, со цел да бидат поблиску до можност за вработување.
Проект “Еднакви Можности на Ромките за учество на пазарот на труд”, во реализација на РАЖМ ‘Лулуди’ и ОРТ, поддржан од страна на Европската Унија.






