Започнува информативна кампања за граѓани, дел од проектот Еднакви Можности на Ромките за учество на пазарот на труд

27.05.2016

Во периодот од мај до јули, 2016 година ќе се одржуваат информативни средби за граѓани, со цел запознавање со целите на проектот, вклучување како и информирање за можностите за вклучување на пазарот на трудот. Информативните средби се дел од проектот Еднакви Можности на Ромките на пазарот на труд.
Информативните средби ќе се одржуваат во четири општини во Скопје: Чаир, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, и Гази Баба (Маџари).
Во тековниот период закажани се информативни јавни средби, во следниот распоред:

  • 30.05.2016год. (понеделник) – Во општинската сала во Шуто Оризари, со почеток од 14.30 часот;
  • 03.06.2016год. (петок) – Во градинката ‘’ 8ми Април ‘’ , во Шуто Оризари, со почеток од 12.00 часот;
  • 07.06.2016 год. (вторник) – Во месната заедница ‘’ Даме Груев’’, во општина Ѓорче Петров, со почеток од 14.30 часот:
  • 08.06.2016 год. (среда) – Во месната заедница во Маџари 1 , со почеток од 141.30 часот;
  • 09.06.2016 год. (четврток) – Во градинката ‘’Снежана’’, во Топанско Поле, Чаир, со почеток од 17.00 часот;
  • 13.06.2016 год. (понеделник) – Во амбулантата во Шуто Оризари, центар ‘’Сакам да знам’’, со почеток од 14.00 часот;
  • 14.06.2016 год, (вторник) – Во амбулантата во Шуто Оризари, центар ‘’Сакам да знам’’, со почеток од 13.00 часот;
  • 17.06.2016 год. (петок) – Во Топаана , со почеток од 13.00 часот.

Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да земат учество на информативните јавни средби и да се здобијат со информации за вклучување во проектот. Ве очекуваме!

Информативните јавни средби се дел од проектот “Еднакви Можности на Ромките за учество на пазарот на труд”, во реализација на РАЖМ ‘Лулуди’ и ОРТ, поддржан од страна на Европската Унија.

slika novost 27.05.2016

Previous Започнува проектот Еднакви можности за Ромките на пазарот на труд

Leave Your Comment

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved