10.11.2016
Со помош на неколку ромски медиуми во Македонија, успеавме да ја прошириме веста за започнување на проекот “Еднакви можности на Ромките за учество на пазарот на труд“. Проектниот тим на Лулуди говореше за спроведената информативна кампања во неколку скопски општини во кои има застапено ромско население, сподели свои контакт информации и повик до сите невработени жени Ромки до 55 години да не контактираат и да се пријават на отворениот повик за работилници и професионални обуки за стекнување на квалификација, кои ќе се одвиваат во периодот што следи.
проект “Еднакви Можности на Ромките за учество на пазарот на труд”, во реализација на РАЖМ ‘Лулуди’ и ОРТ, поддржан од страна на Европската Унија.
- гостување во емисија ЕУРОРОМ на 29.09.2016 година, оналјн медиум 24 Вакти
- 17.06.2016 година интервју за ТВ Шутел
- 07.11.2016 година тимот на Лулуди беше гостин во емисијата “Бијандипе„ на МТВ 2





