16.08.2016
Ромската Асоцијација за Млади и Жени ЛУЛУДИ во рамки на проектот “Моќта на жената Ромка во демократските процеси”, финансисран од Американската Амбасада во РМ, ги ПОКАНУВА сите заинтересирани жени и девојки РОМКИ да земат учество на обуката која има за цел да го ЗАЈАКНЕ личниот капацитет на жената Ромка за УЧЕСТВО во демократските процеси.
Обуката ќе ги опфати следните теми:
- Зголемено учество на жените во кандидатските листи при локални и парламентарни избори: последни промени за застапеност на жените во кандидатските листи;
- Родова еднаквост: законодавство, пракса, примери за реализација, родово буџетирање;
- Политика: политика наспроти политички партии, политика наспроти моќ; хронологија на жени политичари;
- Политички партии: формирање, членство и структура, буџет и извори на финансирање, статут;
- Застапување и лобирање: тимската работа кон повисока цел, комуникациски вештини, јавен говор; план за застапување улогата на медиумите;
Обуката ќе биде реализирани во два дела:
- прв дел – 2 дена, надвор од Скопје, во текот на месец септември, 2016 година
- втор дел – 2 дена, во Скопје во текот на месец октомври, 2016 година
Право на учество имаат сите девојки и жени Ромки, над 18 години, со место на живеење во РМ.
Трошоците за пат, сместување, храна и материјали ќе бидат целосно покриени од страна на организаторот РАЖМ Лулуди.
Апликациите може да ги потполните онлајн или лично во нашите канцеларии.
Краен рок за аплицирање:12.00 часот, 29 август (понеделник), 2016 година.
За сите дополнителни прашања ве молиме контактирајте не на:
info@luludi.mk; luludi_sk@yahoo.com,
тел. 02/61 61 187, моб. 070/726 538, или
лично на ул. Лазар Трповски бр.1/2 -5 (Топанско Поле),
секој ден од 09.00 до 17.00 часот.
На следниот линк може да ја погледнете и поплните апликацијата:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeOZuiKpUjyQqxRAtzQ73WCBPQC-0Jw00UeX3dLRVN52V4Gjg/viewform
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/автор(ите), и не ја одразуваат оние на Владата на САД.


