20.05.2016
Главна цел на проектот:
Зајакнување на Ромките за родовата еднаквост и можност за промена на стереотипниот пристап кон пазарот на труд, со што се зголемува интегрираноста на жените на пазарот низ наменети информативни и професионални работилници и обуки.
Цели:
Зголемување на можностите за вработување на жените Ромки низ развивање на клучните вештини и квалификации преку посета на специфични обуки одредени според нивните индивидуални потреби за вработување. Поддршка на идеи за самовработување кај жените Ромки, преку посета на обуки за креирање на бизнис план, развивање на идеа и вработување преку сопствен бизнис. Поддршка преку други инструменти и начини на невработени жени Ромки, со цел да бидат поблиску до можност за вработување.
Целна група се:
- 100 работоспособни, невработени Ромки од Скопје на возраст од 20-55 години.
- 45 жени се директни учесници во преквалификациски обуки.
- 20 мажи кои сесрдно ги поддржуваат сопругите ќе добијат информации за нови можности
Очекувани резултати се:
- 4 месеци од информативната кампања
- 6 месеци период на разновидна обука
- 20 невработени жени Ромки со добра CV, интервју и лично претставување можат да бараат работа
- 10 невработени Ромки со знаење да развијат бизнис план, а 1 план развиен со наша помош
- 10 невработени Ромки со стекнати нови стручни знаења (во шнајдерство, уредување на изглед коса/нокти, компјутерски дизајн)
- 5 невработени жени подготвени за вработување со некаков занает
- 5 бизнис идеи помогнати со опрема за отпочнување на сопствен бизнис во Центарот за обука на проектот
- 6 месеци на дневен едукативно-згрижувачки центар за 30 деца да учат
- 5 студенти по педагогија / социологија со практиканска работа
- 10 волонтери помош за управување со проекти
- 1 Мини саем во организација за промоција на развиени бизниси и занаетчиски вештини
Населби во кои делуваме:
- Шуто Оризари
- Топанско Поле
- Чаир
- Маџари
- Ѓорче Петров
Период на реализација:
- декември 2015 – јуни 2017
Ромска асоцијација на жени и млади ЛУЛУДИ го спроведува проектот во партнерство со ОРТ, поддржан од страна на Евопската Унија.




