Мрежа за мониторинг, известување и застапување на ромските женски права

Неформална Мрежа за Ромски Женски Права

Мрежата за Ромски Женски Права е неформална коалиција која го обединува гласот на женски организаци, експертки, активистите, национали институции,  против неедаквиот третман на жената Ромка во нашето општество, со цел подобрување на нејзиниот социо –економски статус.

Во 2018 година, РАЖМ Лулуди иницираше формирање на неформална мрежа за мониторинг, известување и застапување на ромските женски права, во која ги повика да членуваат организации кои работат во полето на женски права, ромски права, човекови права, и домашно и родово базирано насилство, да учествуваат во воспоставување и потоа во работа на мрежата. И покрај тоа што мрежата беше иницирана во рамките на регионалниот проект  “Unifying the voices for Ending Violence against Women”,  финансиран од United Nations for Gender Equality and Empowerment of Women (UN Women), неформалната мрежа продолжи да функционира и по завршување на проектот. Од јули, 2020 до јуни 2022 година, РАЖМ „Лулуди“е грантист на институционална поддршка од програмата на Цивика Мобилитас кое води кон зајакнување на организациските капацитети на организацијата и нејзиното работење. 

Во Мрежата за Ромски Женски Права членуваат вкупно 11 женски ромски и про-ромски организации од различни региони од РСМ, и кои во изминатите години работеа заедно кон мониторинг,  известување и застапување за имплементација на Истанбулската Конвенција и CEDAW, со главен фокус на жената Ромка.

РАЖМ „Лулуди“, Скопје

Организација на жените од општина Свети Николе, Свети Николе

https://www.facebook.com/womsvetinikole/

Иницијатива на жени од Шуто Оризари, Скопје

Новинари за човекови права, Скопје

 

Кризен Центар „Надеж“ Скопје

https://www.facebook.com/crisiscenterhope/

Терно Вас, Берово

Женска граѓанска иницијатива „Клеа“, Битола

РОТА, Штип

Мотиво, Куманово

Ѓулфер Точи – активистка, Гостивар

 

Сибела Мамудоска – активистка, Прилеп

 

Неформалната Мрежа за Ромски Женски Права се финансира преку проекти, односно на почетокот доби поддршка од UN Women, а во моментов (2021-2022) има поддршка преку институционалниот грант на РАЖМ „Лулуди“. 

Стратешката определба на формираната неформална мрежа со неколку граѓански организации на територија на Македонија соработуваше во застапување и мониторирање на спроведувањето на Истанбулската конвенција и CEDAW во Македонија. Со зајакнување на мрежата, воглавно на здруженијата кои работат на женските права и слободи, ќе се добие силен поттик во понатамошно зајакнување на жените во РСМ, како и равој на граѓанскиот сектор на локално и национално ниво.

Како мрежа која се залага против нееднаквоста и дискриминацијата, со зајакнување на гласот на ромските жени за следење, известување и застапување, градењето на капацитетите на мрежата ќе овозможи стручност и подготвеност за ефикасно застапување пред владините инситуции, притоа ќе овозможи мрежата да делува како чувари, со цел постигнување резултати во однос на подобрено законодавно опкружување и имплементација на законите и потпишани меѓународни документи и конвенции. Сметаме дека сето ова е можно само со заедничка соработка помеѓу граѓаните, жените, националните и локалните невладини организации, експерти, граѓанското општество, национални институции кои работат на правата на Ромите и родовите прашања.

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved