Спроведени проекти во периодот 2001-2010

ЦЕНТАР НА МЛАДИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ
(ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА НА ЛИДЕРСТВО ВО ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА)

Мотивирање и поттикнување на младите Роми да земат активно учество во својата локална заедница, преку едуцирање за локалните институции, организирање и значење на локалните избори, како една алатка за вклучување на младите во процесот на носење на одлуки на локално ниво.
Поддржано од The Embassy of the United States in Skopje.

ДАЛИ И ЈАС СУМ ЖРТВА? – ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ И ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО

Промоција и заштита на човековите/женските права на припадничките на ромската заедница во РМ, преку едукација на жените за своите права и како да се обратат до институции за соодветна и стручна помош, како и отварање на локална канцеларија за основна поддршка на жени жртви на семејно насилство.

Поддржано од UNFPA.

ТВОЈОТ ГЛАС, ТВОЕ ПРАВО

Поголема политичка вклученост на ромското население како гласачко тело и правото на свои претставници во законодавната и извршната власт. Ромите како рамноправен учесник во креирање на политики, вклучени во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.
Поддржано од ODIHR Warszawa.

 

МОНИТОРИНГ АКТИВНОСТИ ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА КАЈ РОМСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО Р.М.

Главната цел на овој проект е да изврши мониторинг на состојбата на правата на Ромите во делот на здравствена заштита, осигурување и нега, како дел од активностите од Акциониот план од Декадата на Ромите. Мониторинг процесот беше спроведен од страна на група на активисти кои беа специјално обучени за мониторинг и анализа на активности и имплементација на Акционите планови. Крајниот извештај од мониторинг активностите ги вклучува позитивните практики и препораки за подобрување на постоечките слабости и негативности.

Поддржано од OSI New York и ФООМ.

 

ТВОЈОТ ГЛАС, ТВОЕ ПРАВО

Покренување на свеста кај ромското население, односно кај жените за правата и обврските при остварување на избирачкото право. Активностите на овој проект подразбираа работилници за избори и избирачко право, кампања “Од врата до врата”, дистрибуција на информативен печатен материјал  и спроведување на прашалници. Овој проект ги опфати жените и младите од општината Шуто Оризари во Скопје.
Поддржано од The Embassy of the United States in Skopje.

 

ИНФОРМАТИВНО – ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА ЗА ИНФОРМИРАЊЕ НА РОМСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ЗА ПОТРЕБИТЕ И МОЖНОСТИТЕ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

Поткренување на нивото на квалитет и квантитет на здравствена помош на ромското население, преку намалување на дискриминацијата, иницирање на нов и подобрен пристап од страна на медицинскиот персонал, како и поткренување на нивото на знаење на ромското население за правото на здравствено осигурување и како да го употребат истото. Проектните активности опфатија тренинг за медицински кадар вработен во здравствени институции, во области каде има најголема застапеност на ромското население, и медиумска кампања насочена кон ромската заедница за покренување на свеста за значењето на здравственото осигурување. Проектните активности исто така, опфаќаа и прибирање на потребна документација за здобивање на правото на здравствена заштита.
Поддржано од OSI New York.


И ЈАС ИМАМ ПРАВА – ПОЧИТУВАЈ ГИ

Главната цел на проектот е да ги промовира и заштити човековите/женските права на припадничките на ромската заедница, преку покренување на свеста за постоење на овие права и нивна примена во секојдневниот живот. Активностите вклучени во проектот: организирање трибини, работилници, бесплатен телефон за информитрање и канцеларија за правна помош, каде жените Ромки имаат пристап до бесплатен правен совет и едукација. Проектот вклучи и организирање на истражување за нивото на знаење, уживање, прекршување и заштита на правата на жената. Во проектот земаа учество и претставници од релевантни иституции за заштите на човековите права, како: полиција, центар за социјална работа, здравствени институции, локалната самоуправа.
Поддржано од Delegation of the European Commission.

СЕРВИС, ЕДУКАЦИЈА И ПРАВНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Правна заштита и едукација на жените Ромки, преку директна помош и пристап до точни информации, бесплатен и компетентен совет, психолошка поддршка на жртвите на семејно насилство, како и покренување на свеста на жените Ромки во однос на ова прашање. Претставување на статистички податоци на бројот на жени Ромки жртви на семејно насилство.
Поддржано од The Embassy of the United States in Skopje.

ЕДЕН ЧЕКОР ПОНАПРЕД II

Промовирање на ромската култура, јазик, традиција, етнологија и историски развиток на ромската заедница, пред ромската младина преку организирање на работилници за ромскиот јазик и креативни работилници за културата. Опфатени се 30 млади од 14-18 години. Се спроведоа повеќе активности како: промоција на ромскиот јазик, култура, традиција меѓу ромската младина, преку организирање на курсеви по ромски јазик и креативни работилници.
Поддржано од OSI Budapest.

ЦЕНТАР ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА, ПОТРЕБИТЕ И ПРАВАТА ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА РОМСКОТО НАСЕЛЕНИЕ И ПОМОШ ВО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОВИЕ ПРАВА

Проект реализиран во соработка со Асоцијацијата за поддршка и заштита на семејства и деца во ризик “За среќно детство“. Проектот опфати истражување на состојбата, потребите и бројот на Роми кои поседуваат здравствено осигурување, со цел подобрување на здравствените услови и промовирање на нов пристап за подобро и поголемо вклучување на ромското население во постоечкиот здравствен систем.


 

ТРАДИЦИЈАТА И ОБИЧАИТЕ НЕ ГО ОДОБРУВААТ НАСИЛСТВОТО

Проектот опфати подготовка, публикација и промоција на студија од спроведено истражување за состојбата на жените Ромки – жртви на семејно насилство, прва од ваков вид. Ова истражување/студија беше прво од овој тип издадено од страна на невладиниот сектор во Македонија.
Поддржан од OSCE Office Skopje

СИТЕ СМЕ ЕДНО

Кампања по повод 8ми Април – Меѓународен ден на Ромите. Учеството на Лулуди се состоеше во подготовка на изложба на фотографии на тема жени Ромки и ромскиот живот во Македонија. Активностите беа реализирано во соработка со ромската културна асоцијација “Рушид Шаќир“ од Куманово.
Поддржано од  FIOOM и MCMS.

 


 

ЕДУКАЦИЈА, ИГРА И МОЖНОСТИ

Главна тема на проектот се правата на детето кај децата бегалци од Косово и деца од локалното население, на возсраст од  6 – 16 години. Се работеше на две локации Долно Оризари и Топаана. Преку реализирање на креативни работилници се помагаше децата да ги надминат нивните потешкотии во учењето, како и да стекнат знаење за детските права и екологија.
Поддржано од UNHCR – ARC.

 


 

БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ

Медиумска кампања против насилството врз жената, како дел од светската кампања за борба против семејното насилство и насилство врз жената. Во кампањата учествуваа 11 локални невладини организации од различни градови, кои направија семинари во својата локална заедница.
Поддржано од OSI Budapest.

8-ми АПРИЛ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА РОМИТЕ

Организирање на креативен настан на градскиот плоштад во Скопје, каде беа промовирани платнени билборди со испишани мировни пораки за соживот и прифаќање, во чест на Меѓународниот Ден на Ромите.
Поддржано од Министерството за култура на Р.М. и OSI Budapest.

ЕДЕН  ЧЕКОР ПОНАПРЕД

Промовирање на ромската култура, јазик, традиција, етнологија и историски развиток на ромската заедница, пред ромската младина преку организирање на работилници за ромскиот јазик и креативни работилници за културата. Опфатени 30 млади Роми, на возраст од 14 до 18 години, Активности: промоција на ромскиот јазик, култура, традиција меѓу ромската младина преку организирање на курсеви по ромски јазик и креативни работилници.
Поддржано од OSI Budapest.

16-ДНЕВНА МЕДИСКА КАМПАЊА – ПРОТИВ НАСИЛСТВО НАД ЖЕНИТЕ

Медиумска кампања за борба против насилството врз жената, како дел од Светската кампања за борба против семејното насилство и насилство врз жената. Светската кампања вклучи ТВ спот презентиран во локалните и националните медиуми, дистрибуција на информативен материјал, организирање на јавни трибини и јавни собири на градскиот плоштад на 10ти Декември Светскиот ден на човекови права – женски права. Голем број на НВОи од различни националности учествуваа во овој проект.
Поддржано од OSI Budapest.

ЕДЕН ПОИНАКОВ ДЕН

Проектот се однесува на креирање Центар за деца, 400 ромски деца, 200 деца од колективниот центар во Шуто Оризари, 100 локални деца и 100 деца од ромската населба Топаана. Сите овие деца поминаа еден прекрасен ден, малку поразличен, исполнет со дружење, стекнување нови пријатели, промоција на човекови права на децата, рекреација и забава, како и детска драмска претстава.
Поддржано од UNHCR и ARC.

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved