Повик за ангажирање на Социјална работничка
Ромска Асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“ за потребите на проектот „Поддршка на жените и девојки Ромки во спречување на родово базираното насилство”, финансиран од UN Trust Fund to End Violence against Women (UN Trust Fund), објавува повик за ангажирање на Социјална работничка, која ќе биде ангажирана во Центарот наменет за на жртви на или/и изложени на ризик од родово базирано и семејно насилство, во рамки на проектот.
Апликантот треба да достави на е-пошта на luludi_sk@yahoo.com и razmluludi@gmail.com или во канцеларијата на РАЖМ „Лулуди“ на ул.„Лазар Трповски“ 1/2-7, Скопје, со назнака „Пријава за Социјален работник“ :
● Работна биографија
● Потврда за завршен највисок степен на образование: диплома
● Да докаже претходно слично работно искуство во својата кратка биографија или доставување препорака од претходно работно место
● Копија од релевантни сертификати/дипломи/благодарници (доколку има)
Краен рок за аплицирање: до 16.02.2023 година.
Повеќе информации и детали околу повикот и критериумите може да прочитате во документот кој се наоѓа на следниот линк.За дополнителни информации може да не контактирате на мејл или на следните контакт телефони: 070/726-538 или на 070/246-787.