Јавен повик за доделување на мали грантови за ромски и про-ромски здруженија на граѓани

Мали грантови за Ромски организации и граѓански организации кои се активни во процесите на инклузија на ромската заедница и ЕУ интеграциите на Република Северна Македонија

ПРОГРАМА

За унапредување на инклузијата на ромската заедница преку поддршка на процесот за интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија

Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите од Тетово во соработка со Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје, РAЖМ „Лулуди“ Скопје и Симплексис од Грција преку проектот Ромски граѓански сектор за пристап кон ЕУ објавува:

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

За финансирање на локални мали организации активни во областа на инклузијата на ромската заедница и процесите за интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија во рамките на проектот Ромски граѓански сектор за пристап кон ЕУ“ финансиран од Европската Унија.

Во рамките на овој повик ќе се поддржат најмалку 10 проекти. Вкупниот износ кој ќе се додели во рамките на овој повик е 50,000 ЕУР, со што ќе бидат поддржани проекти со буџети кои се во износ од 2,000 ЕУР до 5,000 ЕУР.

Краен рок за поднесување на предлог проекти е: 06 декември 2024, до 16:30 часот.

За споделување на повикот до што е можно повеќе локални организации, ќе се организираат регионални информативни средби во 6 региони во државата.

Првата информативна сесија за невладини организации ќе се организира на 08.11.2024 година во 11:00 часот во просториите на Граѓанскиот Ресурсен Центар на ул. Климент Охридски 21, Скопје 1000.

Деталите за повикот можете да ги најдете во Водичот за апликанти кој заедно со другите документи за аплицирање може да се превземат тука:

  1. Водич за апликанти_мали грантови_RomaCSOs4EU
  2. Анекс 1_Формулар за аплицирање
  3. Анекс 2_Изјава од Лидер Апликант
  4. Анекс 3-Мандат-Ко-апликант
  5. Анекс 4_Предлог буџет формулар
  6. Анекс 5-Логичка Рамка

или на следните веб страни: www.sonce.org.mk,  www.rrc.org.mkwww.luludi.mkwww.symplexis.eu и www.roma4eu.mk .

За било какви прашања поврзани со повикот, заинтересираните апликанти може да се обратат на следниот е-маил: romacsos4eu_grants@rrc.org.mkнајдоцна до 26 ноември 2024, до 16:00 часот.

План за реализација на регионалните информативни средби со граѓанските организации:

АктивностЛокацијаДатум и време
Прва регионална информативна средбаСкопјеВо просториите на Граѓанскиот ресурсен центарАдреса: ул. Климент Охридски 21, Скопје 100008 ноември 2024Со почеток од 11:00 часот
Втора информативна средбаКочаниТочната локација дополнително ќе биде потврдена11 ноември 2024Со почеток од 11:00 часот
Трета информативна средбаТетовоЕвропска куќа Тетово (Europe House)Адреса: Илирија бб / Во просториите на Центарот за култура13 ноември 2024Со почеток од 11:00 часот
Четврта информативна средбаКумановоТочната локација дополнително ќе биде потврдена15 ноември 2024Со почеток од 10:30 часот
Петта информативна средбаПрилепТочната локација дополнително ќе биде потврдена19 ноември 2024Со почеток од 11:00 часот
Шеста информативна средбаСкопје/Шуто ОризариТочната локација дополнително ќе биде потврдена22 ноември 2024Со почеток од 10:30 часот

Previous Со зајакнати капацитети за застапување кон поефикасна превенција и заштита на жените и девојките од родово-базирано и семејно насилство

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved