Публикуван извештај: Анализа на состојбата на (не)функционалноста на спортската салаво општина Шуто Оризари

Целта на истражувањето беше да се направи сеопфатна анализа која ќе ја анализира состојбата со
изградената спортска сала во општина Шуто Оризари. Притоа, истражувањето придонесе во
сознавање на перцепциите на локалната заедница за мониторираното прашање, да се увиди дали
постапувањето кон проблемот/ решението од страна на локалната самоуправа е на
задоволително ниво, дали е во процес на имплементација, воедно да се идентификуваат

можностите или причините за (не)функционалноста на спортската сала во општина Шуто Оризари,
а со тоа и артикулирање на потребите на локалната заедница по ова прашање. Податоците од ова
истражување треба да придонесат кон поттикнување и изнаоѓање можни решенија.
Истражувањето покажува дека граѓаните на општина Шуто Оризари немаат доволно информации
околу тековните проекти и планови на општината. Првичен предизвик е парцијално
функционалната официјална веб-страница на општината Шуто Оризари која навидум не е
ажурирана од 2017 година.


Извештајот од истражувањето може да го превзементе на следниот линк: https://bit.ly/3JtJ6GY
Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија,
имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови,
мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот,
проектот или имплементаторот #ChinMK

Previous <strong>Повик за ангажирање Правна советничка</strong>

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved