ПРОГРАМИ
програми

СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА И ЕКОНОМСКО ЈАКНЕЊЕ НА ЖЕНИТЕ И МЛАДИТЕ
- Едукација за Родова еднаквост.
- Вклучување на жената Ромка во јавниот живот и во процесите на донесување одлуки на национално и локално ниво.
- Намалување на невработеноста и сиромаштијата на жената Ромка и младите преку зајакнување на работните вештини и компетенции на жените и девојкит,е за еднаков пристап на пазарот на трудот.
- Поттикнување на претприемништвото и самовработување.

ЧОВЕКОВИ ПРАВА – ПРАВО НА ИЗБОР
- Едукација за човекови права.
- Промоција и остварување на избирачкото право на жените.
- Мониторинг на избори и изборен процес на локално ниво.
- Зголемување на застапеноста и учеството на жените и младите во структурите на одлучување на локално и национално ниво.

РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО
- Едукација за човекови права на жената и родова рамноправност.
- Пружање правна помош и поддршка на жртви на семејно насилство и РБН врз жени
- Истражување и воспоставување на статистички податоци за бројот на жени Ромки жртви на родово базираното насилство вклучувајќи го и семејно насилство.
- Учество во меѓународни и национални кампањи против родово базирано вклучувајќи го и семејното насилство.

ИНСТИТУЦИОНАЛЕН РАЗВОЈ И ОРГАНИЗАЦИСКО ЈАКНЕЊЕ
- Во рамките на оваа област ќе превземеме активности за континуирано зајакнување на капацитетите на членките на организацијата за активно делување на полето на демократијата, родовата рамноправност, човековите права и социјалната инклузија.