
Локални граѓански организации покажаа голема заинтересираност за отворениот јавен Повик за доделување на мали грантови за ромски организации и граѓански организации кои се активни во процесите на инклузија на ромската заедница и ЕУ интеграциите на Република Северна Македонија.
Покрај информативните сесии одржани во Скопје, Шуто Оризари, Тетово, Прилеп, Кочани, Куманово, заинтересираните организации имаа можност да поставуваат прашања поврзани со повикот по е-пошта до 26 ноември 2024.
Одговорите на поставените прашања околу повикот може да ги преземете тука.
Краен рок за поднесување на предлог проекти е 06 декември 2024, до 16:30 часот
Деталите за повикот можете да ги најдете во Водичот за апликанти кој заедно со другите документи за аплицирање може да ги погледнете и превземете на следниот линк: https://roma4eu.mk/javen-povik-za-dodeluvanje-na-mali…/
Проектот “Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ” е партнерски проект имплементиран од РАЖМ„ЛУЛУДИ“, АДДР Сонце, РРЦ од Р.С.Македонија и Симплексис – Грција.