На ден 28.03.2023 пред неотворената спортска сала во општина Шуто Оризари, младите од
општината испратија порака дека наместо отпадоци и кал, сакаат отворена и функционана
спортска сала каде ќе може да се рекреираат и спортуваат. Настанот беше организиран од
мобилизаторите на иницијативата „Младите имаат право на свој простор за спорт и
рекреација”, на кој учествуваа 14 лица (6 машки/8 женски).
Изградбата на Спортската сала во Шуто Оризари е завршена во 2019 година и оттогаш не е ставена
во функција поради различни причини. Поради тоа, малдите апелираат да се се исполнат конечно
сите предуслови за нејзино отварање, бидејќи објектот со неговото некористење ќе започне да се
запуштува и уништува.
На собирот на млади пред салата, беа прочитани повеќе од 20-тина препораки за отворање и
функционирање на спортската сала во општината Шуто Оризари.
Клучни препораки кои ги истакнаа се: реализирање во целост на договорот со град Скопје за
партерно уредување на спортската сала во дадените рокови во договорот, завршување на
процедура за официјално примопредавање на спортската сала од инвеститорот (Влада на РСМ) на
сопственик/во владение ( на општина Шуто Оризари) и обезбедување пристап до спортската сала,
односно поврзување со околните улици и можност за пристап со автомобил. Сите препораки
може да се погледнат на следниот линк:
https://drive.google.com/file/d/1fBaye5NjOTk26LFVvPYMqxoEqZyvLhQw/view?usp=sharing
По јавното обраќање/јавно читање на отворено писмо до институциите, младите го поднесоа
писмото до општина Шуто Оризари, се со цел на наредна седница на Советот да се прочитаат
препораките и да се отвори прашањето за текот на активностите за ставање во функција на
спортската сала.

Активностите се спроведуваат во рамките на проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на
Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови,
мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или
имплементаторот #CHinMK