Поддршка на жените и девојки Ромки во спречување на родово базираното насилство

Општата цел на проектот е „Придонес за намалување на родовото насилство кај младите девојки и жени од ромската заедница и другите маргинализирани групи и подобрување на нивниот пристап до услуги и механизми за заштита во Р.Северна Македонија“.

Очекувани резултати кои ќе придонесат за целта се: 

(1) Подобрени капацитети за обезбедување поддршка и услуги за подобрување на животи на жртви на РБН или/и изложени на ризик од родово базирано насилство во Р.Северна Македонија; 

(2)Подобрени напори за застапување за ставање крај на насилството врз жени и девојки Ромки, жртвите на  или/и потенцијалните жртви, жени и девојчиња изложени на ризик од родово базирано насилство, преку заеднички напори на локалните граѓански организации во Северна Македонија.

Подобрените напори за застапување ќе се реализираат преку покренување иницијативи за застапување за подобрување на правната рамка на локално и национално ниво, развивање документи за политики, развој на капацитети на активисти и членови на локални граѓански организации за застапување и лобирање и мониторинг процес, со вклучување и соработка со Мрежата за следење, известување и застапување на правата на жените Ромки. Воедно, преку проектот ќе се обезбедат различни видови услуги на околу 240 жени и девојки Ромки: правна поддршка, психолошка поддршка и услуги за задоволување на потребите во заедницата (здравство, образование, вработување, домување итн.).

Период на имплементација: 01.08.2022г. – 31.07.2025г.

Целна група: Идентификуваните примарни корисници се 240 жени и девојки Ромки кои живеат во 8 локални општини во Северна Македонија (Скопје, Шуто Оризари, Битола, Прилеп, Штип, Гостивар, Берово и Свети Николе/Куманово), жени и девојки изложени на ризик од насилство, жртви на различни РН, вклучително и физичко, психичко насилство, семејно насилство, рани бракови, сексуално насилство. И 50-ина жени бранители на човекови права/родови застапници/Ромски и про-ромски женски ГО.

Проектот е финансиски поддржан од страна на

UNTF logo

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved