Повторно објавување на повик за доделување на мали грантови за локални ромски и про-ромски организации за општините Куманово и Велес

Мали грантови

за

ромски и про-ромски граѓански организации кои се активни во процесите на инклузија на ромската заедница и ЕУ интеграциите на Република Северна Македонија

ПРОГРАМА

За унапредување на инклузијата на ромската заедница преку поддршка на процесот за интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија

Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите “Сонце“ од Тетово во соработка со Ромска Асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“, Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје и Симплексис од Грција преку проектот „Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ реобјавува:

ПОВТОРНО ОБЈАВУВАЊЕ НА ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ

за

финансирање на локални мали организации активни во областа на инклузијата на ромската заедница и процесите за интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија во рамките на проектот „Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“ финансиран од Европската Унија.

Овој повик се објавува по втор пат само за граѓански здруженија Ромски и не-Ромски кои работат на поддршка на инклузија на ромската заедница кои делуваат на ниво на општините Куманово и Велес и се регистрирани како здруженија на територијата на општините Куманово и Велес.

 

Во рамките на овој повик ќе се поддржат минимум 1 (еден), а најмногу 2 (два)  проекти во општините Куманово и Велес. Износот кој ќе се додели во рамките на овој повик е 5,000 ЕУР, со што ќе биде/ат поддржан /и проект/и со буџет кој е во износ од 2,000 ЕУР до 5,000 ЕУР.

Краен рок за поднесување на предлог проекти е: 21 март 2025, до 16:30 часот.

Деталите за повикот можете да ги најдете во Упатството за апликанти кој заедно со другите документи за аплицирање може да се превземат од следните веб страни: www.sonce.org.mk www.rrc.org.mkwww.luludi.mkwww.symplexis.eu и www.roma4eu.mk.

За било какви прашања поврзани со повикот, заинтересираните апликанти може да се обратат на следниот е-маил: romacsos4eu_grants@rrc.org.mkнајдоцна до 16ти  март 2025 година до 16:30 часот.

 Документи:

  1. Водич за апликанти_мали грантови_RomaCSOs4EU_ре-објава
  2. Анекс 1_Формулар за аплицирање
  3. Анекс 2_Изјава од Лидер Апликант
  4. Анекс 3-Мандат-Ко-апликант
  5. Анекс 4_Предлог буџет формулар
  6. Анекс 5-Логичка Рамка
Previous Прашања и одговори на јавниот повик за доделување на мали грантови во рамките на проектот “Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ”

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved