Ромска Асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“ за потребите на проектот “Поддршка на жените и девојки Ромки во спречување на родово базираното насилство”, финансиран од UN Trust Fund to End Violence against Women (UN Trust Fund), има потреба од Правна советничка, која ќе биде ангажирана во советодавниот правен центар наменет за жртви на или/и изложени на ризик од родово базирано и семејно насилство, во рамки на проектот.
Апликантот треба да достави на е-пошта на luludi_sk@yahoo.com и razmluludi@gmail.com или во канцеларијата на РАЖМ „Лулуди“ на ул.„Лазар Трповски“ 1/2-7, Скопје, со назнака „Пријава за Правен советник“ :
● Работна биографија
● Потврда за завршен највисок степен на образование: диплома и потврда за положен правосуден испит.
● Да докаже претходно слично работно искуство во својата кратка биографија или доставување препорака од претходен работен ангажман.
● Копија од релевантни сертификати/дипломи/благодарници (доколку има)
Доколку е правно лице дополнително е потребно да се достави:
– Тековна состојба
– Финансиска понуда без ддв доколку се работи за правно лице, изразено во денари.