Ромска Асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“ за потребите на проектот “Поддршка на жените и девојки Ромки во спречување на родово базираното насилство”, финансиран од UN Trust Fund to End Violence against Women (UN Trust Fund), има потреба од Психолог/Психотерапевтка, која ќе биде ангажирана во Центарот наменет за на жртви на или/и изложени на ризик од родово базирано и семејно насилство, во рамки на проектот.
Апликантот треба да достави на е-пошта на luludi_sk@yahoo.com и razmluludi@gmail.com или во канцеларијата на РАЖМ „Лулуди“ на ул.„Лазар Трповски“ 1/2-7, Скопје, со назнака „Пријава за Психолог/Психотерапевт“ :
● Работна биографија
● Потврда за завршен највисок степен на образование: диплома
● Да докаже претходно слично работно искуство во својата кратка биографија или доставување препорака од претходно работно место
● Копија од релевантни сертификати/дипломи/благодарници (доколку има)
Краен рок за аплицирање: до 16.02.2023 година.