Обединети против насилството врз жените

Главна цел на проектот: Да се придонесе кон развивање на мерки насочени кон повеќекратни нееднаквости и други форми на дискриминација и насилство врз жените Ромки. Воедно, зајакнување на гласот на ромските жени за следење, известување и застапување за имплементација на Истанбулската конвенција и Конвенцијата за елиминација на сите форми на насилство врз жените (CEDAW).

Главни активности:

  • Воспоставена регионална соработка и партнерство
  • Креирање национални мрежи на организации во сите четири опфатени земји, кои ќе работат мониторирање на имплементацијата на Конвенцијата за елиминација на сите форми на насилство врз жените (CEDAW) и Истанбулската конвенција, на национално ниво.
  • Креирање матрица за мониторинг на Истанбулската и CEDAW конвенциите на национално ниво.
  • Обука/Семинар на националните мрежи за користење и примена на матрицата за мониторинг на Истанбулската и CEDAW конвенциите.
  • Спроведување мониторинг на имплементацијата и усогласеноста на Истанбулската и CEDAW конвенциите, на национално ниво и креирање на национални извештаи.
  • Креирање Регионален извештај за усогласеноста на Истанбулската и CEDAW конвенциите, врз основа на претходно спроведените национални извештаи.
  • Регионална конференција за презентирање на Регионалниот извештај за усогласеноста на Конвенцијата за елиминација на сите форми на насилство врз жените (CEDAW) и Истанбулската конвенција во однос на дискриминацијата на жените Ромки во областа на здравствената заштита, рани бракови и понудата на поддршката и заштита на жените Ромки во случаи на семејлно насилство.

Резултати:

  • Креирани национални мрежи на организации во сите четири опфатени земји, кои ќе направат мониторинг на усогласеноста и имплементацијата на Конвенцијата за елиминација на сите форми на насилство врз жените (CEDAW) и Истанбулската конвенција, на национално ниво.
  • Креирана матрица за мониторинг на Истанбулската и CEDAW конвенциите на национално ниво.
  • Обучени претставници од организации кои се дел од националните мрежи за користење и примена на матрицата за мониторинг на Истанбулската и CEDAW конвенциите.
  • Мониторинг на имплементацијата и усогласеноста на Истанбулската и CEDAW конвенциите на национално ниво и креирање национални извештаи.
  • 4 национални извештаи за усогласеноста и имплементацијата на Истанбулската и CEDAW конвенциите, во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
  • 1 Регионален извештај за усогласеноста на Истанбулската и CEDAW конвенциите, врз основа на претходно спроведените национални извештаи.
  • Регионална конференција за презентирање на Регионалниот извештај за усогласеноста на Конвенцијата за елиминација на сите форми на насилство врз жените (CEDAW) и Истанбулската конвенција во однос на дискриминацијата на жените Ромки во областа на здравствената заштита, рани бракови и понудата на поддршката и заштита на жените Ромки во случаи на семејлно насилство.

Проектот е заснован на регионално партнерство со организациите: Ромски женски центар „Бибија“ како апликант, од Србија, „Млади Роми“ од Црна Гора и Здружение на граѓани за промовирање образование на Роми „Отахарин“ од Босна и Херцеговина.

Проектот е  дел од регионалната програма  “Implementing Norms, Changing Minds: Ending Violence Against Women in the Western Balkans and Turkey” , спроведена од страна на UN Women, а со поддршка од Европска Унија.

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved