датум: 08.01.2021
Започнувајќи од 1 јануари 2021, четири партнерски организации: Центар за истражување и креирање политики, Ромската асоцијација за жени и млади „Лулуди“, Новинари за човекови права, Рурална Коалиција и Ехо започнаа нов проект „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова
еднаквост“, финансиран од Европската Унија.
Овој проект поттикнува проактивност на граѓанското општество преку зајакнување на вмрежувањето, користејќи РОБ методи за соработка со локалната самоуправа и формирање на локални политики и буџети за решавање на различните потреби на жените и мажите, особено на најранливите и маргинализираните групи во 17 целни општини (Делчево, Македонска Каменица, Кавадарци, Неготино, Радовиш, Гевгелија, Струга, Вевчани, Крушево, Кривогаштани, Чаир, Шуто Оризари, Илинден, Старо Нагоричане, Липково, Брвеница и Теарце). Проектот дополнително ќе ги зајакне капацитетите на постојната неформална Мрежа за родово одговорно буџетирање (МРОБ) со проширување на членството со граѓански организации (ГО) од целните општини истовремено застапувајќи ги интересите на руралните жени и мажи, сиромашни жени и мажи, жени и мажи со попреченост, маргинализираните жени и мажи (од етничка, религиозна или сексуална природа) и жени и мажи од ранливите возрасни групи (млади и постари граѓани).
Имплементацијата на овој проект ќе трае три години (2021-2024) и сам по себе носи големи придобивки кај граѓанските организации, локалните самоуправи и во граѓанското општество кои активно придонесуваат и учествуваат во донесувањето одлуки за своето општество.
Проектот е финансиски подржан од Европската Унија.