Младите бараат да се работи на покренување на свеста за здрав и активенживотен стил, а општината очекува сите предуслови за отворање на спортската сала дасе завршат до крајот на 2023 година.

Вчера (22.02.2023) во салата за состаноци во општинската зграда на општина Шуто Оризари се
одржа тркалезна маса на тема „Младите имаат право на свој простор за спорт и рекреација”,
на која присуствуваа вкупно 20 учесници: граѓани, претставници од граѓански организации,
претставници од општината и претставници од институции (14 жени/6 мажи).
Целта на тркалезната маса беше поголема транспарентност на активностите на општината за
отворање и идно функционирање на спортската сала во Шуто Оризари, канал преку кој ќе им
овозможи на граѓаните да дадат свој придонес со препораки. На овој начин, на граѓаните ќе им се
даде можност да учествуваат во процесот на донесување одлуки и во следењето на
спроведувањето на програмските цели и локални политики.
РАЖМ Лулуди ја започна средбата со резултати од истражување на темата кои покажуваат дека
само 80 од 200 испитаници/граѓани на општината знаат дека има изградена спортска сала во
општината, додека голем процент од 86% од 200 испитаници сметаат дека граѓаните на Шуто
Оризари имаат потреба од отворена и функционална спортска сала.
Тркалезната маса продолжи со дискусија каде претставници од стручните служби во општината ги
информираа граѓаните дека административните и градежните работи за пристап до салата се при
крај и очекуваат понатаму да се продолжи со останати зафати кои треба да се преземат со цел да
се креира еден комплетен спортски центар во општината кој ќе опфаќа затворена спортска сала,
отворен терен за кошарка и фитнес стаза. Младите и претставниците од граѓанските организации
повикаа на почесто информирање на јавноста за тековни активности кои ги презема општината и
повеќе активности за младата популација. Леон Али, граѓанин на општината Шуто Оризари,
воедно и матурант го сподели своето мислење дека „Спортската сала и нејзината функционалност
е нешто што не треба да се бараа само одговорност од Општината Шуто Оризари, туку треба да се
видат внатрешните и надворешните влијанија и менталитетот на младите и граѓаните на

општината. ” Албина Џемаил, граѓанин на општината, се сложи со својот сограѓанин и дополни: –
Ова прашање за спортската сала треба да ги засегне сите страни кои би ја користеле салата, како
спортистите и спортските клубови.

РАЖМ Лулуди во наредниот период ќе продолжи со мобилизирање на младите преку онлајн
кампања и нивно вклучување во давање предлози до општината како на младите да им се
доближи користењето на спортската сала и да се покрене нивната свест за практикување на
физичка активност како дел од развојот на здрава индивидуа, а со тоа и на здраво општество.

Активностите се спроведуваат во рамките на проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на
Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови,
мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или
имплементаторот #CHinMK

Previous Стартува нов проект! – Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ

Contact Us

st. Lazar Trpovski no.1/2-7,Skopje 

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

The Roma Women and Youth Association “LULUDI”© 2022. All Rights Reserved